1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонредна седница на арапската лига

14 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/Awdp

Арапската лига денеска во Каиро ќе оддржи вондредна седница. Причина е ескалацијата на состојбата во Либан и во Палестинските области. Премиерот на Либан Фуад Сињора побара оддржување на седница на Арпската лига по вчерашниот напад врз пратеник со анти – ситриски ставови во Бејрут. Во нападот погинаа девет лица. Сињора за денеска прогласи ден на национа жалост. Американскиот претседател Џорџ Буш индиректно ја обвини Сирија за нападот.