1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонредна седница на македонското Собрание

23 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BKv6

Денеска македонското Собрание треба да одржи вонредна седница за постигнување на парламентарен договор за унапредување на реформските процеси. Се очекува на седницата премиерот Никола Груевски да го образложи договорот постигнат со лидерот на Демократската Унија за интеграција Али Ахмети, кој наиде на критики кај опозицијата но и кај дел од владејачката коалиција. Воочи седницата Груевски вчера истакна дека растеретено ја дочекува седницата затоа што има една вистина што ќе биде презентирана.