1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вонредна состојба во Тајланд

12 април 2009

Ситуацијата во Тајланд се заострува откако властите прогласија вонредна состојба. Премиерот Абсихит Веџаџива изјави дека владата ќе стори се’ да го врати редот и мирот во земјата.

https://p.dw.com/p/HVF0
Фотографија: picture alliance / landov /Montage DW

Тајландските власти денеска прогласија вонредна состојба во земјата. Тајландската државна телевизија објави дека ваквата одлука е донесена поради „влошувањето на ситуацијата“. Премиерот Абсихит Веџаџива најави дека ќе бидат преземени и построги мерки за што поскоро да се нормализира ситуацијата:

„Ги повикувам граѓаните да ја поддржат владата за повторно да завладее ред. Следните три до четири дена ќе бидат важни владата да покаже дека е способна повторно да го врати редот и мирот во земјата“, рече премиерот. Тајландската армија се распореди по улците низ Бангкок. Портпарол на армијата изјави дека тоа е со цел повторно да се воспостави ред во земјата.

Abhisit Vejjajiva Regierungschef Thailand
Премиерот Абсихит ВеџаџиваФотографија: AP

Уапсен лидерот на демонстрантите

Демонстрантите претходно упаднаа во министерството за полиција барајќи да биде ослободен еден од предводниците на вчерашните протести. Во тоа време во министерството се наоѓал и премиерот Абхисит Веџаџива но тој успеал да побегне, јавуваа локалните медиуми.

Полицијата утринава соопшти дека го уапсила лидерот на демонстрантите коишто вчера упаднаа на конференцијата на земјите од АСЕАН во одморалиштето Патаја, поради што самитот беше откажан. Арисман Понгреугонг, инаку познат пејач, ги предводеше околу 1000 демонстранти кои успеаа да го пробијат полицискиот кордон во хотелот кадешто требаше да се одржи самитот. Лидерите на земјите членки на АСЕАН потоа беа евакуирани со хеликоптери.

Инаку демонстрантите се луѓе лојални на поранешниот премиер Таксин Шинаватра кој со пуч во 2006 беше сменет од фунцијата. Тие бараат оставка од актуелниот премиер. Талјанд во последниве недели е постојано потресуван од демонстрации.


Автор: НГ/Ројтерс/ДПА/Бета

Редактор: Невена Георгиевски