1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вообичаен ден во НАТО

5 декември 2003
https://p.dw.com/p/AcRv

Првиот ден од дводневната дебата на НАТО шефовите на дипломатии со вообичанеите теми - Ирачкото прашање, мисијата ИСАФ во Авганистан и трансатлантските несогласувања околу независна европска одбрана. Американскиот државен секретар Колин Пауел вчера за првпат јавно побара од НАТО негова поголема улога во Ирак. Неговите колеги се воздржани, но никој не исклучи мисија со поголем ангажман од сегашната логистичка поддршка. Пауел затоа констатира:

"Најважната работа која ми падна в очи е дека ниту една членка на НАТО или оние кои допрва ќе станат членки не се изјаснија против можноста да се прошири мандатот на Алијансата во Ирак".

И додека Пауел смета дека НАТО би можело да го преземе секторот кој е сега под контрола на Полска, шефот на германската дипломатија Јошка Фишер побрза да потсети дека тие не прифаќаат воен ангажман во Ирак, ниту во рамките на НАТО: "Познато е дека ние таму нема да се бориме и не носиме трупи. Може да пружиме хуманитарна помош и помош во обновата и тоа во рамките на нашите можности. Всушност и најважно прашање е што побрзо воспоставување на суверенитет и легитимитет на ирачка влада. Секако важно е и да прашањето за безбедноста, бидејќи без неа проблемите таму ќе станат многу големи", нагласи Фишер. За разлика од Ирак, министрите согласни околу акцијата во Авганистан. Генералниот секретар на НАТО, Џорџ Роберстон е задоволен дека конечно земјите ќе стават на располагање 14 борбени и транспортни хеликоптери, и ќе ги заменат војниците на Бундесверот на аеродромот во Кабул. Германија пак веќе ја прошири мисијата во градот Кундус каде ги менува Американците. Што се однесува до спорот околу планот за европската одбрана, сите се согласни дека не треба да постојат двојни структури. Генералниот секретар Робертсон со оценка:

"Верувам дека крајните резултати ќе избегнат беспотребно дуплирање и ќе ги зајакнат и НАТО и ЕУ.Секаков друг исход би бил бесмислен", рече Робертсон. Германсиот министер, Фишер ја отфрли тезата дека новото тело ќе биде конкуренција на НАТО, но САД не се откажува од негативиот став. Интензивните прекуатлантски консултации ќе продолжат,а за воената политика на ЕУ ќе се одлучи на самитот закажан за следната недела.