1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прогласени најдобрите во 2011

25 декември 2011

Војдан Стојановски во машка и Елена Раденковиќ во женска конкуренција, се прогласени за најдобри во 2011-та, во изборот на Кошаркарската федерација на Македонија. Бо Мекејлеб е најдобар македонски кошаркар во странство.

https://p.dw.com/p/13Z5H
Војдан Стојановски (лево) во дресот на македонската репрезентација на пријателски меч со ГерманијаФотографија: picture-alliance/dpa

Војдан Стојановски, годината ја започна со одличните партии во дресот на Фени индустри, ја освои шампионската титула и пехарот во БИБЛ конкуренцијата, продолжи како дел од репрезентацијата во историскиот резултат на ЕП, а годината ја финишира со одличните партии во дресот украинскиот тим Черкаски Мавпи.

Војдан, во Литванија, во дресот на репрезентацијата во просек постигнуваше
7,7 поени по натпревар, а имаше уште 3,7 скока и 1,7 украдени топки.
Во вториот дел од сезоната, во украинскиот Черкаски Мавпи, Војдан има уште
подобра статистика - со 14,8 поени по натпревар тој втор стрелец на тимот,
зад своето име уште запишува 4,5 скока и 2,6 асистенции.

Flash-Galerie Eurobasket 2011 Viertelfinalespiel Mazedonien Litauen
Сите почести за кошаркарската репрезентација и нејзиниот историски пласман на ЕПФотографија: dapd

Признание и за Бо Мекејлеб

Елена Раденковиќ е најдобра во женска конкуренција. Таа во минатата сезона
го предводеше тимот на Вигор до освојувањето на шампионската титула.
Сосема очекувано, селекторот на кошаркарите Марин Докузовски е најдобар
тренер во машка конкуренција, признанието за тренер на годината во женска
конкуренција го доби Перо Стамески.

Новиот миленик на македонската публика, Лестер Бо Мекејлеб, ја доби
наградата за најдобар македонски кошаркар во странство.

Автор:СН/ЕМФ /макфакс

Редактор: Е. М. Фиданоска