1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Војници на ОН во заложништво на сириски екстремисти

ЖА/дв/дпа/афп/ртре7 март 2013

Сириските екстремисти киднапирале 21 припадник на мировниците на ОН на границата кон Израел. Ситуацијата на Голанската Висорамнина ескалира, Советот за безбедност на ОН го осуди инцидентот.

https://p.dw.com/p/17sal
Фотографија: picture-alliance/dpa

„Апсолутно неприфатливо и бизарно“, вака рускиот амбасадор во ОН Витали Чуркин, моментно претседадавач со Советот за безбедност на ОН го оцени нападот на сириските екстремисти. Советот за безбедност на Обединетите нации побара заложниците веднаш да бидат ослободени. Генералниот секретар на ОН Бан Ки МУн истакна дека сите страни во конфликтите мораат да ја гарантираат безбедноста на соработниците на ОН.

Мировниците биле грабнати вчера во сириската провинција Дараа во близина на Голанската Висорамни, на на границата кон Израел, соопшти Чуркин во Њујорк по итно свиканото заседание на Советот за безбедност. Рускиот дипломат смета дека 30-тината диднапери припаѓаат на сириската опозиција. Бунтовниците објавија соодветно видео на интернет, според кое, грабнатите се Филипинци. Бунтовниците ги обвинуваат војниците на ОН за поддршка на сириската војска.

Киднаперите, кои се претставија како борци на бригадата Мачениците на Јурмук побараа повлекување на сириската армија, во рок од 24 часа, од селото Ал Џамалах.

Областа каде се случи грабнувањето не е контролирана ниту од Сирија, ни од Израел, тоа е еден вид „ничија земја“, тврди Чуркин. Грабнатите војници припаѓаат на мисијата УНДОФ, која уште од 1970-те години го надгледува прекинот на оружениот судир на Голанската Висорамнина.

„Тие се невооружени и немаат врска со сегашниот конфликт во Сирија“, истакна Чуркин.

„Ова е еклатантно непочитување на ОН. Се чини, одредени групи сакаат моментно по секоја цена да ги прошират географските граници на сирискиот конфликт“, смета Чуркин.

Syrien Rebellen
Сириските војници се убедени во победа ако имаат повеќе оружјеФотографија: Reuters

Сириските бунтовници бараат оружје

Сириските бунтовници вчера го повторија своето барање до Европејците за испраќање оружје. Шефот на штабот на опозиционата Слободна сириска армија, Салим Идрис во Брисел изјави дека доколку бунтовниците се подобро вооружени, режимот на претседателот Башар ал Асад би паднал за неколку месеци. Воведеното ембарго за оружје ги погодува најмногу револуционерите, тврди тој.

Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле засега одбива лиферување оружје од Европа за сириските бунтовници. Тоа би предизвикало трка во вооружувањето, смета тој.

ОН: Бројот на сириските бегалци достигна еден милион

Еден милион луѓе ја напуштиле Сирија од почетокот на граѓанската војна, изјави вчера високиот комесар на ОН за бегалци Антонио Гутереш.

„Најмалку еден милион луѓе се бегалци, милиони други се внатрешно раселени, а илјадници луѓе продолжуваат да ги минуваат границите секој ден. Сирија се движи кон целосна катастрофа“, изјави Гутереш.

Според податоците на ОН, околу половина од бегалците се деца, поголемиот дел на возраст под 11 години. Гутереш нагласи дека соседните земји прават се‘ за справување со зголемениот број на сириски бегалци кои пристигнуваат на нивните граници и имаат потреба од значителна меѓународна помош.

Бројката од еден милион бегалци е достигната побрзо од очекуваното. Во декември ОН прогнозира деак бегалците од Сирија нема да надмината 1,1 милион пред крајот на јуни. Според податоците на ОН Сирија во 2010 година броела 20,4 милиони жители. Агенцијата на ОН за бегалци објави дека од почетокот на годината бројот на луѓе, бегалци од Сирија, е значително зголемен. Над 400.000 Сиријци ја напуштиле земјата од јануари годинава, што е речиси половина од целиот бран бегалци предизвикан од двегодишните борби против режимот на сирискиот претседател Башар ал Асад. Поголем дел од бегалците заминуваат за Либан, Јордан, Турција, Ирак и Египет, а некои и за Северна Африка и Европа. Според ОН бројот на жители во Либан е зголемен за 10 проценти како резултат на бегалскиот бран од Сирија.