1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во безредијата во Парагвај убиен опозиционер

ЕМФ /агенции
1 април 2017

Сенаторите во Парагвај зад затворени врати гласаа за промена на Уставот која требаше да овозможи реизбор на претседателот на државата, по што демонстранти го запалија Конгресот.

https://p.dw.com/p/2aUee
Paraguay Protestierende verbrennen das Parlament
Фотографија: Reuters/J. Adorno

Владејачката партија во Парагвај се обидува да овозможи реизбор на претседателот на државата Хорасио Картес по секоја цена. Сенаторите на седница зад затворени врати, која не беше свикана од првиот човек на горниот дом на парламентот, гласаа за промена на Уставот.

Пред парламентот во Асунсион опозицијата демонстрираше против уставни промени кои треба да му овозможат на претседателот уште еден мандат. Полицијата реагираше остро против демонстрантите и употреби водени топови и гумени куршуми. Ситуацијата ескалираше, по што демонстрантите се втурнаа во Конгресот и ја запалија зградата.

Според медиумски извештаи, полицијата убила еден од демонстрантите. Наводно се работи за 25-годишен член на опозиционата партија ПЛРА. Се јавува и за повеќемина повредени, меѓу кои и политичари.

Хорхе Гомез, кој е меѓу демонстрантите во Аунсион, вели:

„Уморни сме од корупција. Уморни сме од тоа што законите не се почитуваат. Уморни сме и Парагвај нема да молчи.“

Мандатот на претседателот Картес завршува во 2018 година.

„Парагвај нема да молчи“