1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Германија расте бројот на доселениците

Михаил Гештат/ Александра Трајковска 6 април 2012

Странското население во Германија значително порасна во 2011 година. Тоа е најверојатно поради позитивната конјунктура и отворањето на работниот пазар за новите ЕУ држави.

https://p.dw.com/p/14YwD
Фотографија: Darren Baker/Fotolia

Околу 6,93 милиони лица со исклучиво странско државјанство на крајот на 2011 живееја во Германија односно 177.300 повеќе отколку претходната година. Порастот од 2,6 проценти, според сојузната статистичка служба е највисок во последните 15 години.

Најголемиот дел, односно 88 проценти, од повисоките бројки се должат на зголемено доселување од земјите членки на ЕУ. Научниците го вперуваат погледот пред се’ кон Исток. „Повисоките бројки се разбира се должат на тоа што минатат година стапи во сила слободата на избор на место на живеење за новите држави на ЕУ“, вели Илона Рисен од Институтот за германското стопанство во Келн. Со исклучок на Романија и Бугарија оваа одредба сега важи за сите ЕУ партнери на Германија. Особено јасно се гледа порастот на граѓани кои доаѓаат од Полска и Унгарија.

Јазична бариера во европските кризни држави

Иако чистата статистика не оддава ништо за мотивите на странците да дојдат во Германија или да ја напуштат земјата - поврзаноста на можностите за вработување со доселувањето за научниците е веродостојно. Впечатливо е што од државите на ЕУ, кои се во криза, доаѓаат повеќе луѓе, отколку во претходните години, но сепак не толку многу, колку што би можело да се очекува со оглед на економската мизерија во татковината. „Претпоставувам дека луѓето и кога ќе избие криза во една земја, веднаш не ги пакуваат работите и не заминуваат во друга земја“, вели Илона Ризен од келнскиот институт. Таа исто така укажува на јазичните пречки при доселувањето во Германија. Така на пример, германскиот како предмет во училиштата во кризните земји Шпанија, Португалија или Грција има подредена улога.

Sprachschüler Deutschunterricht DaF
Фотографија: picture-alliance/dpa

Голем интерес за работни места во Германија

Ова го потврдува и експертот за работниот пазар Марион Ранг од одделот за посредување со станската стручна сила при германскиот Завод за вработување. Овој оддел е специјализиран за повисоко квалификувани лица кои бараат работа. „Ние се концентрираме во земјите на еврото кои се во криза, бидејќи таму исто така има работна сила која може да ни биде потребна во Германија. Во Шпанија има многу невработени инжинери, а во Германија бараме инженери“.

Оваа институција бара стручна работа сила и во Грција. Јазичните познавања се централна тема, вели портпаролка: „Во Германија повеќето слободни места можат да се најдат во средните претпријатија, и овие претпријатија сакаат да комуницираат со своите вработени на германски“. Масовна побарувачка на работа од земјите кои се во криза не може да се утврди, подвлекува Ранг, меѓутоа заживеан интерес постои, што на пример се гледа преку поголемата посетеност на курсевите по германски јазик во локалните Гете институти.

Нереални очекувања

Честопати семејните причини се тие, кои некој што е заинтересиран го одвратуваат од плановите за миграција. Ранг укажува и на еден друг проблем: „Очекувањата на странците кои бараат работа се поинакви, се разбира сите тие сакаат да дојдат во Берлин, Хамбург или Минхен, значи во големите интересни градови, но кога ќе слушнат дека слободни места има претежно во руралните региони на Баден Виртемберг или во Источна Германија, тогаш многумина прво подголтнуваат“. Меѓутоа, тоа не е ненадминлива пречка. Оној кој навистина сака да дојде, тој и ќе дојде.

Symbolbild Zuwanderung von Fachkräften
Фотографија: picture-alliance/dpa

Наспроти граѓаните од ЕУ, за доселениците од т.н. „трети земји“ е потребна работна дозвола. Во овој поглед во последните пет години има позитивен развој, заклучува Илона Рисен од германскиот Институт за стопанство, врз основа на статистичките податоци. Уделот на лицата од тртети земји со неограничена дозвола за престој е значилно зголемен: „Тоа е најважниот аспект во однос на доселениците од трети земји, оти кога некој може неограничено да живее во Германија и смее да работи без ограничувања, тогаш желбата и можностите за подобра интеграција се многу подобри“.