1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во глобалното село сите сме соседи!

30 декември 2004

Коментар на Верица Спасовска

https://p.dw.com/p/AcIh
Фотографија: AP

Бројот на мртвите расте секојдневно и постепено стануваат појасни контурите на гигантската катастрофа кои не ги зафатија само земјите од бреговите на Индискиот Океан, туку стиггна и до седиштето на Европа. Во буквалната смисла на зборот тоа е глобална катастрофа која во вкупните размери можеби е и полоша отколку што може сега да се претпостави. Многу жртви се уште се исчезнати, опасноста од зарази и епидемии во регионот е огромна. Светските димензии на оваа апокалипса како да го приближуваат светот. Бранот готовност да се помогне е проширен врз целата планета и таквата реакција е барем мала утеха во ова несфатливо пустошење.

И помошта од Германија уследува бргу, кризниот менаџмент на сојузната влада фукционира одлично. Канцеларот Герхард Шредер стави на располагање 20 милиони евра и најави дека ќе се ангажира за мораториум на долговите за Индонезија и Сомалија. Неговиот повик за донации и јасни зборови на сочуство се јасен сигнал до луѓето во регионот дека германската влада ќе преземе се да помогне на самото место. Истовремено, владата според можностите, се ангажира што побргу да ги врати германските туристи дома.

Дотолку понеразбирливи се реакциите на германските туристи кои се жалат поради загубен багаж или недостиг на внимание од страна на туристичките агенции. Со оглед на неизмерното страдање на луѓето во регионот, ваков ”Каско менталитет”, што значи прекумерни егоистични очекувања и 100-процентна згриженост, се цинични. Канцеларот добро формулираше кога укажа на тоа дека Германија, во споредба со земјите погодени од катастрофата, е, цитираме, ”многу, многу богата земја”.

И, за среќа, тука се и другите, благодарни гласови на германски туристи кои многу добро знаат да ја ценат срдечната помош на домашното население, во моменти на нужда. Поддршка од страна на германската влада ќе им биде потребна пред се на оние германски семејства кои во несреќата ги загубија своите родители, деца, браќа и сестри. Стотици судбини сеуште се непознати, голем број луѓе со денови очекуваа вест за своите роднини кои се водат како исчезнати.

Кога погодените земји ќе исчезнат од насловите, помошта која сега се слева, треба и натаму да ја има. Зашто, без соменние, учеството на Европа во помошта е толку големо и поради тоа штосе погодени подрачја за одмор на европските турсити. Но, ние, Европејците, кои со години таму ги минуваме годишните одмори, носиме и одговорност за регионот. Зашто, катастрофата, во секој случај стави јасно до знаење – во глобалното село сите станавме соседи.