1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Грција почнуваат преговорите за коалиција

ЕМФ/дв/миа18 јуни 2012

Грчкиот претседател Каролос Папуљас денеска (18.06) му даде мандат за формирање влада на лидерот на Нова демократија Андонис Самарас.

https://p.dw.com/p/15H4Q
Фотографија: AP

„Ќе се обидам да формирам валда со проевропски партии. Мораме да ги направиме неопходните измени и дополнувања на програмата со цел нашиот народ да излезе од невработеноста и од тешкотиите низ кои минуваат грчките домаќинства. Новата влада мора да биде одлучна во однос на прашањето за социјалната кохезија. Националното разбирање е императив“, изјави Андонис Самарас на средбата со претседателот Каролос Папуљас.

Претседателот го опомена лидерот на Нова Демократија дека „земјата не смее ниту еден час да остане без влада“.

Самарас уште денеска почнува со преговорите за формирање коалициска влада затоа што не освои доволно гласови за да има чисто мнозинство во парламентот. Тој прво во парламентот ќе се сретне со лидерот на Сириза Алексис Ципрас, а подоцна попладне и со лидерот на ПАСОК Евангелос Венизелос. Се претпоставува дека Самарас во преговорите за влада пред се‘ смета на ПАСОК и Евангелос Венизелос, затоа што Сириза, односно нејзиниот лидер Алексис Ципрас уште синоќа јасно кажа дека нема намера да влегува во коалиција. Најверојатно Самарас ќе има разговори и со Демократкста левица со цел да формира што поширок сојуз. Централниот комитет на Демократската левица попладнево има состанок на кој ќе биде дефиниран ставот на партијата.

Parlamentswahl Griechenland Antonis Samaras
Самарас веднаш почнува со преговориФотографија: AP

Пратеник на Нова демократија Јанис Трагакис за грчката телевизија Скај изрази увереност дека оваа недела ќе биде формирана влада составена од НД, ПАСОК и Демократската левица, која заедно ќе има 179 места во парламентот.

Премиерот Панајотис Пикраменос му ја предаде оставката на техничката влада на Папуљас, но таа ќе остане на функција се‘ додека новиот кабинет не положи заклетва.