1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Давос даден импулс за мировниот процес на Б.Исток

26 јануари 2007

Германската канцеларка Ангела Меркел во својство на претседавач на ЕУ вети засилен ангажман на Европа за ставње крај на конфликтот меѓу Израел и Палестинците

https://p.dw.com/p/Adtm
Од средбата Меркел-Абас во Давос
Од средбата Меркел-Абас во ДавосФотографија: AP

Во одморалиштето на швајцарските Алпи беа издвоени моменти и за состојбата на Блискиот Исток .Палестинскиот претседател Махмуд Абас на тркалезната маса пак во Давос ,на која учествуваа и вицепремиерот на Израел , Шимон Перез и шефицата на дипломатијата на оваа земја Ципи Ливни , Абас изјави дека сега се работи за тоа да му се даде питток на мировниот процес . Со меѓународната мапа за мир имаме насока во која треба да се движиме – истакна Абас

Тој остави зад себе и знак на надеж: Блискиот Исток мора да биде место на коегзистенција , место на простување . Но тоа може да се оствари само врз основа на решението за две држави. Значи израелската држва покрај една палестинска – истакна израелската министерка Ципи Ливни :

Создавањето на палестинска држава е одговорот , националниот одговор за сите Палестинци , . Тоа е единственото праведно решение на палестинскиот бегалски проблем – изјави Ливни.

Меѓутоа , екстремистите во појасот на Газа мора да бидат разоружани . Палестинската држава не може да биде легло на терористи – додаде таа.

Ливни доби подршка и од нејзинито владин коелга Шимон Перез . Колку подобро им оди на Палестинците , толку подбро ќе им биде и на Израелците. Тој се осврна и на борбата замож во палестинските редови меѓу ривалските групи фатах и Хамас:

”Фатах ја репрезентира судбината , Хамас традицијата. Фатах иднината , Хамас минатото . Иднината не може да се гради само врз основа на минатото”- истакна Перез.

За денеска инаку е предвидена неофицијална средба меѓу палестинскиот претседател Абас и израелската министерка Ливни . И Германската канцеларка Ангела Меркел како претседавач со ЕУ во Давос му вети подршка на Махмуд Абас .

Најмалку ЕУ позасилено ќе се ангажира за ставање крај на конфликтот на Блискиот Исток . Такво ветување вчера по разговорите со палестинскиот претседател Махмуд Абас , даде германската канцеларка Ангела Меркел.

Меркел како претседавач со ЕУ даде и јавна подршка за намерата на Абас да формира влада на национално единство . Таа меѓутоа подвлече дека ракетните напади врз Израел од палестинските терории мора да престанат .

Абас го поздрави најавеното заживување на Квартетот за мир на Блискиот Исток , кој го сочинуваат САД, Русија , ЕУ и ОН.