1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Во Кина родени генетски манипулирани близнаци

ЖА / агенции
26 ноември 2018

Според кинески научник, првпат во светот се родени бебиња по генетска манипулација. Двете девојчиња се резистентни на ХИВ. Етичарите реагираат со жестока критика.

https://p.dw.com/p/38vHq
China Genveränderte Babys
Фотографија: picture-alliance/AP Images/M. Schiefelbein

„Двете прекрасни малечки кинески девојчиња со имиња Лулу и Нана пред неколку недели дојдоа на свет исто како и сите други здрави бебиња“, изјави научникот Хе Јианкуи на видео споделено преку Јутјуб.

Кај двете бебиња, во фазата на ембриони бил преземен нов зафат Crispr/Cas9 со цел тие да станат резистентни на ХИВ вирус. Досега не се објавени научно проверени студии за зафатот, туку тој е само регистриран во кинески регистар за клинички тестови. Научникот наводно за својата метода имал согласност од повеќе кинески брачни двојки од кои мажот бил ХИВ-позитивен. Ембрионите настанале по пат на вештачко оплодување, а научникот извршил промена во наследниот материјал.

China Genveränderte Babys
Хе Јианкуи, лево, извршил промена на ДНК кај две бебињаФотографија: picture-alliance/AP Images/M. Schiefelbein

Веднаш стигна остра критика на кинескиот медицинар. „Ова претставува неодговорно експериментирање со луѓе“, изјави Петер Даброк, претседател на Германскиот етички совет. „Дали е точно она што го тврди Хе или не, во сегашниот момент вакви експерименти, па и нивна најава, треба остро да се осудат“. 

Peter Dabrock  Deutscher Ethikrat
Петер Даброк предупредува од неодговорни експерименти со луѓеФотографија: picture-alliance/dpa/L. Ducret

Неподелено мислење е дека истражувањата во оваа сфера се уште многу далеку за да можат да се применуваат кај луѓе. „Придружните и подоцнежни последици се непредвидливи и тешки за контролирање. Зафатите во ДНК на некој поединец не го засегаат само него, туку потенцијално и сите негови потомци. А ова се случува токму кога во Хонг Конг се одржува светски научен самит посветен на одговорно однесување при истражувањата“, истакнува Даброк.  Тој инсистира политиката на глобално ниво што поскоро да се зафати со оваа тема. „Со оглед на ваквите интенции, потребно е да се размисли околу создавање служба која ќе врши контрола, аналогно на Меѓународната организација за атомска енергија“, вели Даброк.