1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Македонија нема активности на ЦИА

Александар Чомовски1 март 2006

Македонија опстојува на тоа дека нема никакви активности на ЦИА на нејзина територија и дека не е виновна во случајот Ел Масри. Најнови деманти од американската амбасадорка и претставникот на ЕУ во Македонија.

https://p.dw.com/p/Adez
Логото на ЦИА
Логото на ЦИА

Нема докази за постоење на тајни затвори на ЦИА во Македонија. Ова денеска по вторпат го тврди Џилијан Миловановиќ, амабасадорката на САД во Македонија.

Амбасадорката Миловановиќ се огради од коментарите од извештајот на Европарламентот, за тајните затвори на ЦИА во Македонија и за случајот Ел Масри. Македонскиот печат регистрира и информации за постоење на објекти во Скопје, каде меѓу другите наводно бил испрашуван и Ел Масри од агенти на ЦИА. За случајот на германскиот државјанин, македонската влада по притисок на ЕУ амбасадорот во Скопје, Ерван Фуере испрати повторен извештај во Стразбур, до комисијата на евро – парламентарецот Дик Марти. Но очигледно дека и тој не ги задоволува барањата на политичарите во Брисел и Стразбур.

„Сеуште чекаме повеќе информации околу истаграта што ја водат Советот на Европа и евро – парламентарците.“

Во македонското обвинителство, денеска не соопштуваат дали е отворена истрага, иако тоа го навести државниот обвинител Прчевски, и дали се испитуваат постапките на македонското Министерство за внатрешни работи во приведувањето на германскиот државјанин Ел Масри во 2004 година.