1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Македонија постои мала опасност од тероризам

Горан Петрески19 октомври 2006

Ова е заклучок од дебатите на учесниците на денешната трибина во Скопје што ја организираше Европскиот центар за безбедносни студии „Џорџ Маршал“.Опасноста произлегува од учеството на земјата во мировните мисии во Ирак и во Авганистан

https://p.dw.com/p/Adbd
Фотографија: AP Graphics

Македонија не е под директна закана од тероризам но загрижува што најповиканите институции и домашни експерти не ја сваќаат сериозно опасноста од терористичка опасност во земјата.Неколку македонски државјани веќе станаа жртви на терористички групи во Ирак и во Авганистан,поради учеството во мировните мисии.Тоа автоматски ја става земјата во групата држави на кои им се заканува тероризам.

„Знаејќи дека имаме наши сили кои активно учествуваат во борбата против тероризмот во Авганистан и во Ирак не е исклучена можноста од некој ваков напад.Дали ние претставуваме тло кое што може да извезува тероризам во трети земји,засега сметам дека сеуште нема простор за таква паника бидејќи во Македонија исламската заедница нема такво ниво на фанатизираност како на пример во некои делови од исламскиот свет,каде се искривува исламот,“вели капетан Методија Хаџијанев од македонската армија.

За разлика од домашните,странските експерти се повнимателни во оценката по тоа каква е опасноста за Македонија од тероризмот.

„Ако тероризмот го третираме како глобална закана,сите треба да бидеме загрижени за тоа што може да се случи интернационално,не само во нашите земји.Македонија не е примарна цел на терористите,но имаше терористички инциденти и во земји како Шпанија и Холандија,со ниско ниво на терористичка закана,многу е ризично да се каже дека нема закана,бидејќи сите западни и европски земји се под терористичка закана,“вели професор Лебон од Маршал центарот.

Нејасно е и колку Македонија еподготвена да одговори на евентуалниот терористички напад на нејзина територија или пак од можноста да извезе тероризам.Надлежните велат дека постои план за спречување и справување со терористички напад,но дали и тој како и повеќето стратеги е само план на хартија?

„Мислам исто така дека службите постојано се на теренот,дека ја следат таа појава координирано,зборувам за службите од Министерството за внатрешни работи,Министерството за народна одбрана,разузнавачките и другите служби кои што работат во Република Македонија.Значи,ние сме сепак една безбедна европска држава,“вели професор Марјан Котевски од Полициската академија.Според него,опасноста од тероризмот во Македонија ќе расте правопропоционално со зголемувањето на опасноста на глобално ниво.

Денешната трибина во организација на Европскиот центар за безбедносни студии Џорџ Маршал требаше да го даде одговорот на прашањето колкаво е нивото на терористичката закана по Македонија.Од дебатите на учесниците може да с езаклучи дека засега опасноста по Македонија е мала.