1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Македонија се добредојдени квалитетни информации

Нада Штајнман22 мај 2007

Македонскиот премиер Никола Груевски ги прими претставниците на Дојче Веел и на МРТВ,предводени од интендантот Ерик Бетерман и директорот Борис Ставров

https://p.dw.com/p/Anru
Македонскиот премиер Никола Груевски со генералниот директор на Дојче Веле Ерик Бетерман
Македонскиот премиер Никола Груевски со генералниот директор на Дојче Веле Ерик БетерманФотографија: Petr Strojanovski

Македонскиот премиер Никола Груевски им честита на интендантот на Дојче Веле Ерик Бетерман и директорот на МРТВ Борис Ставров за преодлабочувањето на долгогодишната соработка меѓу двете куќи и рече дека со ова се отвора нова шанса. Квалитетни информации,додаде тој,се добредојдени во Македонија.Интендантот на Дојче Веле говореше за соработка која води кон партнерски односи,да се пренесат искуствата во двата правци е целта на оваа соработка.

Бетерман посебно ја истакна важноста на слободата на печатот,како во Македонија така и во Греманија и воопшто во светот.Демократски услови,рече понатаму Бетерман,се предуслов за економски развој,што и е особено потребно на Македонија.Соработката во областа на радиото треба да се прошири и на областа на телевизијата,беше истакнато и денеска на средбата на претставниците на Дојче Веле и МРТВ со македонскиот премиер Никола Груевски.Соработката на двете куќи е важен чекор кон Европа,посебно за Македонија и нејзината желба за зачленување во ЕУ.Со средбата кај премиерот Груевски заврши тридневната посета на интендантот на Дојче Веле на Македонија за време на која беше склучен договор за соработка меѓу Дојче Веле и МРТВ за пренесување на емисиите на македонски јазик од Дојче Веле на првиот и вториот канал на МРТВ.