1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во ОН продолжува натегањето околу Сирија

3 февруари 2012

Дипломатите од ОН изјавија дека подготвиле нова нацрт-резолуција со осуда за насилството Сирија, која би била испратена до нивните влади за понатамошно разгледување. Експлицитно не се бара оставка од Асад.

https://p.dw.com/p/13wC4
Сирискиот претседател Башар ал АсадФотографија: dapd

Новиот текст е подготвен по часови поминати во разговори во Советот за безбедност на ОН. На претходната резолуција, со која се бараше оставка од претседателот Башар ал-Асад, се спротивстави Русија.

Според најновата верзија на нацрт-резолуцијата, Советот за безбедност целосно го поддржува планот на Арапската лига за излегување на Сирија од кризата, кој предивива Асад да поднесе оставка. Планот на Арапската лига од 22 јануари предвидува префрлање на власта на заменикот на Асад и на влада со национално единство, во период од два месеци.Сепак, во текстот предлог резолуцијата не се споменува отворено ништо во врска со Асад, со цел Русија да не стави вето на текстот. А, официјална Москва најави дека ќе ја блокира секоја резолуција со која се повикува Асад да ја напушти функцијата.

UN-Sicherheitsrat in New York
Советот за безбедност на ОНФотографија: picture-alliance/dpa

Како втора отстапка во однос на Русија се смета тоа што во новата верзија на текстот не се споменуваат ниту економските санкции, воведени од Арапската лига кон Сирија, ниту се изразува загриженост поради руските испорачувања на оружје за режимот во Дамаск.

Се чека одговорот од Москва

Нејасно е дали новата верзија на текстот одговара на руската загриженост, а амбасадорот Виталиј Чуркин рече дека одлуката за враќање на драфт-верзијата назад во владите „на никој начин не прејудицира“ дали таа ќе биде одобрена или не. Русија со години има добри односи со режимот на Асад и се залага за тоа ОН да се држат на страна од она што официјална Москва го гледа како обид за менување на режимот.

Во новата верзија на текстот се „осудува секое насилство, без оглед од каде тоа доаѓа“, а се потенцира и дека Советот за безбедност „сака да ја реши сегашната политичка криза во Сирија по мирен пат“.

Der russische Botschafter bei der Uno Vitaly Tschurkin
Рускиот амбасадор во ОН, Витали ЧуркинФотографија: dapd

Русија може да блокира

Според дипломатите можно е владите да внесат промени во текстот, а гласањето за него може да се одржи следните денови, со најголема веројатност тоа да се случи в понеделник.

„Секој ќе ги види инструкциите од својот главен град и се надеваме дека ќе можеме да гласаме што е можно поскоро“, изјави британскиот амбасадор во ОН Марк Лајл Грант.

Како постојан член на Советот за безбедност Русија може да стави вето на резолуцијата за Сирија. Тоа заедно со Кина го направи во октомври, кога ја блокираше претходната резолуција што го осудуваше насилството во Сирија.

Автор: Александар Методијев /СН/афп/ап/миа

Редактор: Ж.Ацеска