1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во очекување на седницата на Советот за безбедност

16 февруари 2006

Коментар на Еберхарт Нембах

https://p.dw.com/p/Ac8q
Во Советот за безбедност ќе доминираат различни интереси
Во Советот за безбедност ќе доминираат различни интересиФотографија: AP

Со спорната атомска програма на Иран ќе се занимава и Советот за бебздност, а меѓународната агенција за атомска енергија се обидува за критичка резолуција да придобие што повеќе земји во светот. Тоа е сепак тешка задача, зашто интересите на државите застапени во највисокото тело на светската организација се различни.

Техеран мора да види дека е изолиран, изјави неодамна германската канцеларка Ангела Меркел. Претставниците на Иран гледаат поинаку. Се сметаат себе си за заштитници на понижените и навредените во целиот свет. На средбите на агенцијата за атомска енергија во Виена се виде колку компликуван станал светот. Уште пред само 20 години постоеше Запад на чело со Европската заедница и НАТО со САД. На другата страна беше Варшавскиот пакт. Постоеја уште и таканеречениот трет свет и невразните кои немаа многу влијание. Тоа се проемни. Бразил, Аргентина, Јужна Африка, Индонезија, Индија... Сите се сметаат за погодени ако некоја земја как Иран лошо се третира кога станува збор за подрачјата на технологијата и стопанството. Сите сакаат да учествуваат во богатството и напредокот. Клуч за тоа е енергијата. Освен во Германија, за сите други атомската техника, со сите нејзини ризици, претставува најзначен извор на енергија за иднината.

Никој не сметаше на тоа дека денес земји како Иран ќе дојдат во својот развој до таа точка. Сите оние што се развиваат технолошки, но сакаат и политички да имаат влијание, сега со внимание посматраат дали Европејците и Американците нема да се однесуваат арогантно и самоуверено. Спорот со карикатурите покажа колку голема станала чувствителноста. Западните дипломати мораат да го имаат рпедвид и тоа кога до Виена се обидуваат да придобијат претставници од целиот свет за резолуција што ќе биде критички интонирана кон Иран. Потпирање не е можно ниту врз екс-комунистите во Москва и Пекинг. Тие веќе станаа капиталисти кои на прво место ги ставаат своите економски инетерси: Русија му продава атомска технологија на Иран, на Кина е и потребна иранската нафта за растечката економија.

Малку кој се сомнева дека иранските мули сакаат да имаат атомска бомба. Кон почетокот на март меѓутоа, ќе мора да се пресече. Постојаните членки на Советот за безбедност не можат вечно да посматраат како Иран постепено ја развива својата атомска програма со облагородување на ураниумот додека на крајот не добие материјал од кој се прават бомби. Можно е меѓутоа, Французите и Британците заедно со Американците, да се најдат спроти Кинезите и Русите. Таков конфликт би бил опотоварување за новиот поредок кој е станат сосема непредвидлив. Затоа конфликтот со Техеран е толку опасен и тежок: одамна веќе не станува збор само за Иран.

Еберхарт Нембах