1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во потрага по римско наследство во Тарагона

30 ноември 2011

Тарагона е главен град на истоимената провинција во јужниот дел на шпанскиот автономен регион Каталонија. На периферијата околу градот се наоѓаат плантажи на ореви и лозја. Во градот живеат околу 140.000 жители.

https://p.dw.com/p/13GYJ
Der Aqüeducte de les Ferreres (auch als Pont del Diable bekannt, katalanisch für Brücke des Teufels) ist ein römischer Aquädukt, der die Senke des Barranc de les Arcs bei Tarragona in Katalonien (Spanien) überspannt und Wasser vom Fluss Francolí ins antike Tarraco leitete. Er zählt zu den besterhaltenen Aquädukten und ist der größte in Katalonien. 25033176 ARQUITTECTTURA - Fotolia 2010
Мост уште од римско време во ТарагонаФотографија: Fotolia/ARQUITTECTTURA

Во градот Тарагона на секаде се гледаат остатоци од историското наследство на Римјаните. Еден од нив е големиот амфитеатар што потекнува уште од вториот век по Христос и располага со околу 14.000 места за седење. Во арената се одржувале борби со гладијатори и диви животни. Тарагона била повеќе од 2.000 години еден од најважните воени и политички центри на Римјаните. Сегашниот модерен град е создаден врз темелите и остатоците од римските градби.

Една од улиците во Тарагона била дел од тогашниот т.н. циркус. Овде се одржувале трки со коњски приколки, а со нивните борби гладијаторите привлекувале илјадници туристи во градот. Онаму каде денеска се наоѓа центарот на градот, тогаш имало огромна арена за забава. Античкиот циркус е еден од најсочуваните во цела Европа.

Може да се каже дека градот Тарагона е вистинско место за научници, истражувачи и историчари. Директорот на Историскиот музеј во Тарагона, Луис Баларт Бојгес, раскажува: „Возачите на коњските приколки вртеле по седум рунди, тоа соодветствувало на седум дена во неделата. Се натпреварувале четири екипи, тоа одговарало на четирите годишни времиња и се’ имало религиозно значење. Но, циркусот пред се’ бил голем спектакал за жителите во градот. Уште во тоа време имало фанови, кои навивале само за поединeчни екипи, а највозбудливото било тоа што се кладеле.“

Кулинарски специјалитети од пред 2.000 години

People crowd onto the Levante beach in Salou near the city of Tarragona, eastern Spain Sunday July 29, 2001. Spain is a popular tourist spot for summer holiday-goers with plentiful beaches and high temperatures registered throughout most of the country.
Плажите на Тарогона се преполни со домашни и странски туристиФотографија: AP

Во Тарагона само еден дел од циркусот е заштитена ископина, многу други историски делови им припаѓаат на приватни куќи, продавници или ресторани. Така на пример, во еден свод некогаш имало штали за коњи и се нуделе сместувалишта за посетителите на циркусот. Оној, кој денес оди да руча под овој свод, веднаш се прашува, како живееле луѓето овде пред 2.000 години? „Секоја година во мај рестораните во Тарагона нудат цела една недела специјалитети и јадења од времето на Римјаните. Секој ресторан готви со многу зачини и нуди различни специјалитети од бакалар. Освен тоа, се готват јадења со многу мед и суво овошје“, објаснува Ана Мариа Сас од ресторанот „Лес Волтес“.

На само неколку метри одалеченост од тука се наоѓа главната улица во Тарагона. Тука е продавницата за накит на Хуан Бласкес. Тој е познат во градот, но и надвор од него. Имено, тој изработил многу убави статуи и необични украси што може да се видат во Тарагона. Хуан е инспириран од различни епохи, од најновиот модерен и младешки стил, па се’ до антиката. Тој ги обожава малите тајни. „Јас уште како дете сум играл во историските ѕидини со стари камења и мислам дека римската историја влијаеше врз мојата работа и она што го создавам“, објаснува Хуан Бласкес.

Градот Тарагона постојано открива историски изненадувања

10.10.2011 DW-TV euromaxx Spanien City Tarragona Amphitheater
Влезот во амфитеатарот во Таргона

Така на пример, во 1996 година на едно градилиште работниците откриле влез кој води до неколку пештери долги повеќе километри. Истражувачите Хозе Луиз Алминана и Серџо Касалас во еден од тунелите откриле една тесна галерија, што ја користеле Римјаните во тоа време. Патот од неа води 20 метри во длабочина. Пештерата е една од најголемите во Каталонија и се’ уште не е истражена целосно. „Неверојатно е чувството да се биде во контакт со карпите и водата. Освен тоа, необично е чувството да се истражува пештера над која има цел град, полн со луѓе и живот“, вели Серџо Касалас. Хозе Луис Алминана, пак, додава: „На местата каде треба да се нурка, водата е многу матна. Толку матна што не се гледа апаратот за нуркање. А, тоа е проблем кога си под вода. Затоа, мораме да се ориентираме според една сајла за која секогаш добро се држиме“.

Најинтересно е тоа што туристите можат да платат за една ваква подземна екскурзија. Предуслов е само да бидете спортски тип и во добра телесна форма.Тарагона е туристичка дестинација за авантуристи, историчари, но и за луѓе кои сакаат само да одмараат и да уживаат во благата клима на градот.

Автор: Елке Шваб / Бисера Огњановска Митров

Редактор: Жана Ацеска