1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во САД се одбележуваат пет години од нападите врз кулите близначки

11 септември 2006

Во Њујорк почна одбележувањето на петата годишнина од терористичките напади на 11 септември. Американскиот претседател Џорџ Буш и претставници на различни религии потсетија на околу 3000 те жртви, кои во нападите со авиони беа убиени на 11 септемри 2001 година. Денеска во 14 часот и 46 минути по средноевропско време ќе биде оддадена почит со минута молчење.

https://p.dw.com/p/Ac3M
Њујорк
ЊујоркФотографија: AP

По повод 11 септември не се демонстрира на Гранд Зиро, па затоа протестите при посетата на Џорџ Буш се држеа во рамките на границите кога претседателот и неговата сопруга запалија две свеќи за жртвите од нападите пред пет години

Пртавославен свештеник, католички бискуп, рабин, свештеници од различни цркви и имам заедно проповедаа и се молеа при главната богослужба на петтата годишнина од нападите врз кулите близначки во Њујорк. Тие се обидоа и да го разјаснат невозможното, во меѓувреме светски познатата Сент Паул капела на Гранд Зиро, која пред пет години по нападите како некое чудо остана речиси неоштетена. Меѓу присутните беше претседателската двојка и Хилари Клинтон.

Имамот во својата преоповед рече дека терористите убиваат неправедно, самите себе си нанесувале срам но и срам врз сите религии. Тие не се преставници на негоја вера и не се претставници на исламот.

Џорџ Буш не оддржа говор, ниту на Грнад Зеро ниту при богослужбата. Пред одбележувањето Џорџ Буш денеска ќе појадвува со членовите на семејствата на жртвите и ќе ја посети една од најпогодените пожарникарска станица. Таму денеска во 8 часот и 46 митнути по локално време односно во 14 часот и 46 минути по средноевропско време, времето кога првиот авион удри во северната кула Буш ќе присуствува на минута молчење.

Текот на официјалното одбележување веќе стана тажна традиција на секој 11 септември. Овојпат брачните партнери и животни придружници ќе ги прочитаат 2749те имиња на жртвите од Њујорк, прекинати со минута молчење во 9 часот и 3 минути односно 15 часот и три минути средно евроспко време, кога вториот авион удри во јужната кула, во 9 часот и 59 минути односно 15 и 59 кога се урна првта кула и 10 часот и 29 минути кога падна и северната кула.

Ова ќе биде последен пат кога церемонијата ќе се оддржува на ова место, кое за многумина претставува гробишта, бидејќи треба да почнат градежните работи за меморијалот, а 2009 година треба да биде отворен споменикот.

По церемонијата во Њујорк претседателот Џорџ Буш ќе замине за Пентагон кој истот така беше погоден на 11 септември.