1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Во Сирија се‘ уште зборува оружјето

6 ноември 2011

Сирискиот режим не чувствува обврска да ги исполни ветувањата. Војската, милициите и специјални единици со несмалена сила се пресметуваат со противниците на власта, расте бројот жртви.

https://p.dw.com/p/135tM
Во Сирија продолжува насилствотоФотографија: picture-alliance/dpa

Новите напади врз демонстрантите будат огромен сомнеж во најновите ветувања на сириското раководство и претседателот Башар ел Асад за крај на крвопролевањето. Сириските активисти за човекови права јавуваат за најмалку четворица загинати цивили денеска, на почетокот на исламскиот празник на жртвата, Курбан Бајрам. Тројца биле убиени во тврдината на опозицијата, Хомс, еден во градот Хама.

Вчера, според очевидци, владините војници го држеле Хомс под тенковска канонада, билансот-најмалку 23 загинати, а ни целата земја најмалку 28 луѓе.

Flash-Galerie Weiter Gewalt in Syrien
Фотографија: picture alliance/ZUMAPRESS.com

Дел од затворениците се ослободени

Истовремено постојат значи дека режимот на Асад сепак потклекнува под меѓународниот притисок. Според државната агенција Сана, режимот најавил ослободување на 533 опозиционери, кои беа уапсени во текот на речиси осуммесечните протести. Но, на ослободување можат да сметаат само оние кои „немаат крв на рацете“, јавува Сана. Овој чекор се прави по повод исламскиот празник.

Арапската лига предупредува на последиците

Генералниот секретар на Арапската лига, Набил ал раби, ја предупреди Сирија изричито да престане со бруталната употреба сила против припадниците на опоаицијата. Ако пропадне договорениот мировен план, ќе следат катастрофални последииц за Сирија и целиот регион, истакна тој.

Арапската лига, во која членуваат 22 држави, на Сирија во средата и‘ постави рок од две недели за повлекување на војската од градовите и ослободување на политичките затвореници, како и за обезбедување пристап на меѓународни набљудувачи и новинари во земјата. Режимот во Дамаск го прифати овој план, но бидејќи минатите месеци постојано ги прекршуваше ветувањата, опозицијата за денеска свика генерален штрајк.

Ägypten Kairo Arabische Liga Beratung über Syrien
Арапската лига незадоволна од режимот во ДамаскФотографија: picture-alliance/dpa

САД: долга листа прекршени ветувања

Сириските државни медиуми ја критикуваат американската влада со остри зборови, зашто ги одвраќа сириските опозиционери доброволно да се предадат. Министерството за внатрешни работи во Дамаск наводно најави амнестија за сите кои доброволно ќе го предадат оружјето и себе си во полициска станица. Тие наскоро ќе бидат ослободени, се вели.

Портпаролот на американското министерство за надворешни работи Викторија Нуланд во Вашингтон по повод оваа „понуда“ со јасни зборови:

„Со оглед на долгата листа прекршени ветувања на сириското раководство, во моментов никому не советуваме доброволно да се предаде на властите“.

Автор: ЖА/СН/дв/дпа/афп/ртре

Редактор: С. Недевски