1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вперено оружје на Корејскиот полуостров

26 мај 2010

Пјонгјанг се заканува со воен удар и прекин на односите со Јужна Кореја. САД го поддржуваат Сеул. „САД се на страната на Јужна Кореја во овие тешки часови и секогаш“, вети министерката за надворешни работи Клинтон.

https://p.dw.com/p/NXTM
Хилари Клинтон во Јужна КорејаФотографија: AP

Државната секретарка на САД, Хилари Клинтон ја искористи кусата посета на Сеул за две пораки. Прво, на Јужнокорејците им вети целосна поддршка од Вашингтон со оглед на драматично нараснатата затегнатост во односите на корејскиот полуостров. Вашингтон не може да ги игнорира провокациите на Северна Кореја. „САД се на страната на Јужна Кореја во овие тешки часови и секогаш“, вети министерката.

Заеднички САД и Јужна Кореја имаат намера да го зголемат военото присуство за да ја зголемат ефикасноста и да можат да одвратат евентуални идни напади. Со претседателот на Јужна Кореја американската министерка постигна согласност за „стратешко трпение“ во натамошниот однос кон Северна Кореја.

Nordkorea Südkorea Kriegsschiff Konflikt
Конфликтот се заоструваФотографија: AP

Втората порака на Клинтон беше апел до земјите-членки на Обединетите Нации, пред се’ члленките на Советот за безбендост на светската организација. „Нападот е неприфатлива провокација. Меѓународната заедница има одговорност и обврска да реагира на тоа,“ рече Клинтон.

Советот за безбедност на ОН наредните денови ќе мора да расправа за Северна Кореја. Вашингтон и Токио ги поддржуваат барањата на Сеул за резолуција и натамошни санкции против Северна Кореја. Минатата година Советот за безбедност веќе воведе санкции по вториот атомски тест на Пјонгјанг.

Американската министерка Клинтон, претходно во Кина, се заложи Пекинг да ги поддржи заедничките чекори на меѓународната заедница. Кина досега не зазеде став, туку ги повика сите страни на воздржаност и помирување. В петок, Јужна Кореја ќе има можност да ги искаже своите намери - имено, премиерот на Кина Вен Џиабао доаѓа во посета на Сеул. Кинескиот премиер неодамна во Пекинг се сретна со севернокорејскиот властодржец Ким Јонг Ил.

Автор: Ханс Гинтер Краут/ Александра Трајковска

Редактор: Жана Ацеска