1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Време за „обичните теми“

13 декември 2010

Локалната агенција за развој од Струга успешно организра дебати сврзани со соживотот во градот. Интересот кај граѓаните е над очекувањата.

https://p.dw.com/p/QWmy
Учесниците на јавната дебата за соживотот во СтругаФотографија: DW

Со цел да се зајакне довербата, толеранцијата и почитувањето меѓу различните етнички групи, во Струга од пред еден месец се организраат јавни дебати. На првата дебата по подолго време на една маса седнаа претставнци на Македонската православна црква и Исламската верска заедница. Без задршки проговорија за обете религии и потребата граѓаните да се отворат едни кон други, да си подадат рака и да ѕирнат во домот на соседот, вели Катерина Василеска, раководител на проектот и додава:

„Граѓаните сами кажуваат дека некогаш во Струга се живеело многу поинаку. Во времето кога животниот стандард бил повисок, со што се докажа дека олемо влијание има и еконоската состојба. Во моментот кога економски ќе зајакнеме и овие проблеми веројатно ќе се намалат.“

Katerina Vasilevska
Организаторката на дебатата, Катерина ВасилевскаФотографија: DW

Шанси за соживот има !

Дебатите полека ги даваат одговорите дека шанси за соживот има, потенцира Василеска:

„Повозрасните треба да се вратат и да се сетат на времето кога се живеело добро и различната етничност не била проблем. Со помладите ќе треба да се работи од најмала возраст, за кога ќе дојде времето тие да одлучуваат за некои општествени промени, да бидат подготвени дека живеаат во мултиетничка средина каде што одлуките треба да се носат заедно, а не во корист на едниот, а на штета на другиот етникум.“

Урим Каба од невладината „Еко – Вел “ од Велешта признава дека за тензичноста највиновна е политиката:

Struga Innenstadt, Mazedonien
Центарот на СтругаФотографија: Petar Stojanovski

„Сакаме да ги надминеме предрасудите, бидејќи дневната политика ги крева тие тензии. Како невладин сектор сакаме да помогнеме во зближувањето меѓу етничките заедници. Целта наша е да се зближиме, да се запознаеме, да видиме како живеат две различни култури и религии на овој простор.“

Како организатори сме пријатно изненадени од дебатите, вели Јасмина Попоска, претседател на Локалната агенција за развој: „Од нивното активно учество има и конкретни предлози коишто ги нудат до општинската Комисија за односи помеѓу заедниците. Наша цел е заедно со локалната власт да продолжиме со овие дебати и директно од терен да добиваме насоки за понатамошно дејствување и нивно претопување во идни проекти. “

Schule Niko Nestor
Ученици од училиштето „Нико Нестор“Фотографија: Petr Stojanovski

Младите инструмент во рацете на политичарите

Струга неодамна, а и лани ја брануваа тепачките меѓу средношколците. Урим вината ја гледа во политичарите кои се борат за свои интереси и оценува: „Децата беа еден вид објект на манипулација од дневната политика. Бидејќи сега полиитчката ситуација меѓу субјектите е порелаксирана и децата се помирни.“

Сакаме да делуваме особено меѓу младите, вели Јасмина: „Ова е вистинско време повторно да го разбудиме духот на толернција, соживот и интеркултурен дијалог.“

Етно – камп и забави во 2011 година

До крајов на годинава следат уште две дебати ни открива Кате: „Во 2011 година ќе организираме мултиетнички камп, којшто ќе трае 5 дена. Потоа следи фото изложба кои ја покажуваат различноста во Струга. За крај се предвидени дружења во две кафетерии во Струга отворени за сите млади. Да излезат на исто место, да се зближат и да создадат пријателство меѓу себе .“

Локалната агенција за развој од Струга јавноста ја препознава како независен, непартиски и професионален актер во локалната заедница.

Автор: Милчо Јованоски

Редактор: Горан Чутаноски