1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Време ли е Кипар да ја напушти еврозоната?

Бернд Ригерт Превод: Симе Недевски20 март 2013

Одлуката на Кипар да го отфрли спасувачкиот пакет е погрешна - чекор во насока на банкрот и излегување од еврозоната. Коментар на Бернд Ригерт.

https://p.dw.com/p/180g9
Фотографија: picture-alliance/Stephan Persch

Кипарскиот парламент направи фатална грешка. Отфрлањето на условите за добивање на спасувачкиот пакет од еврозоната во висина од десет милијарди евра може да има катастрофални последици, како за Кипар, така и за преостанатите 16 членки на Еврогрупата. Подготвеноста да им се помогне со десет милијарди евра на загрозените банки и на речиси во целост неликвидната земја беше повеќе од великодушна понуда од Европската унија и од Меѓународниот монетарен фонд.

Парламентот во Никозија под притисок на разбеснетите сопственици на банкарски сметки даде апсурдно објаснување. Притоа не станува збор за тоа на Кипар да му се наметне владеење од страна или да се спроведат германските хегемонистички интереси, туку станува збор само за спасување на мини-државата, која доколку не добие момош од јуни ќе доживее банкрот.

Уделот на самиот Кипар во спасувачкиот пакет во висина од 5,8 милијарди евра е целосно одмерена сума. Тоа дека инвеститорите и банкарските клиенти треба да учествуваат во спасувањето на земјата е заедничка одлука на сите држави-членки на еврозоната и на кипарската вада. Кипар со години живееше над своите можности. Деловниот модел со кој преку ниски даноци и слаби контроли на банкарскиот сектор се привлекуваше странски капитал, пропадна уште минатото лето. Владата на Кипар самата поднесе молба за помош, бидејќи во дел подржавените банки целосно се пресметаа. Долговите се закануваат да го задушат Кипар. Наводната победа на бесните штедачи, во тоа нема ништо да промени.

Deutsche Welle Hintergrund Deutschland Bernd Riegert
Авторот на коментарот Бернд РигертФотографија: DW

Сега Еврогрупата под итно мора да влезе во преговори со Кипар, ако сака да ја спаси таа држава. До јуни има уште време за да се пронајде решение. Тешко е сфатливо дека министрите за финансии на земјите членки на еврозоната толку погрешија во проценката. Затоа им се припишуваат лош менаџмент и груби грешки во комуникацијата. 

Кипарската влада се’ уште има можност да ги собере неопхподните парични сретства. наместо принудното одданочување на банкарските заштеди, сега би можело да дојде до драматично зголемување на данокот. Доколку и тоа не биде остварливо, банките ќе банкротираат. Тогаш штедачите ќе имаат многу поголеми загуби од предложениот еднократен данок на банкарските депозити од 6,75 насто за влоговите под 100 илјади евра односно 9,9 проценти за влоговите над 100 илјади евра. Ако банките, а со тоа и државата Кипар банкротита, тоа значи и излегување од еврозоната. Потоа би дошло до враќање на старата валута која би загубила од вредноста, што пак би довело до уште поголеми загуби.

Ако Кипар ја напушти еврозоната, тоа ќе доведе и до губење на довербата во заедничката европска валута. Кога утре (21.03) во Кипар ќе бидат отворени банките, луѓето ќе побрзаат да ги подигнат своите заштеди, што пак ќе го забрза банкротот на земјата. А, опасноста таа зараза, која би можела да се пренесе и на другите земји е реална. Затоа Кипар сепак е системски релеватнтна држава, иако се работи за многу мала земја. Ако банкротот веќе не може да се спречи, тогаш министрите за финансии на Еврогрупата мора да се погрижат за тоа тој да биде контролиран.

Пратениците на Кипар и’ се спротиставија на можната Европска унија, но цената која за тоа ќе мораат да ја платат не може да се предвиди. Таа би можеле да биде висока, многу повисока од бараниот еднократен данок за спасување на Кипар. Победничките извици на улиците на кипарските градови брзо ќе стивнат.