1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Втора победа на Баерн, втор пораз на Вердер

28 септември 2005

Нови успеси на Јувентус, Арсенал и Барселона во Лигата на шампионите

https://p.dw.com/p/AekO
Баерн оди натаму
Баерн оди натамуФотографија: AP

Баерн веќе по вториот настап е со една нога во натамошниот круг во годинашнава фудбалска Лига на шампионите, додека Вердер е пред елиминација. Во Минхен Баерн го победи белгискиот тим Бриж со 1 спрема 0, со голот на Демикелис во 31-та минута. 66-те илјади гледачи не беа премногу задоволни. „Ги разбирам гледачите. Тие дојдоа на натпревар во вторник навечер, утре мораат на работа. Се разбира дека сакаа да видат повеќе голови на теренот, но денеска, нека ни простат, тоа не беше можно“ – рече играчот на Баерн Вили Сањол.

Во Атина Панатинаикос веќе по осум минути игра оствари водство против Вердер со 2 спрема 0. Првиот гол навистина е постигнат од сомнителен пенал. Клозе го намали резултатот во второто полувреме, но Вердер не успеа да направи целосен пресврт. „Лигата на шампионите е друг паркет. Тука не можеме да се залажуваме и барем во почетната фаза денеска покажавме дека се’ уште не сме на ова ниво“ – призна спортскиот директор на Вердер Клаус Алофс.

Во другите синоќа одиграни средби се постигнати овие резултати: Јувентус - Рапид со 3 спрема 0, Ајакс - Арсенал во Амстердам 1 спрема 2, Тун - Спарта Прага со 1 спрема 0, Барселона – Удинезе 4 спрема 1, Манчестер Јунајтед – Бенфика 2 спрема 1 и Лил – Вилјареал 0 спрема о.

Вечер се играат преостанатите натпревари. Шалке го пречекува Милан, а внимание привлекува и дуелот меѓу Ливерпул и Челзи.

Зоран Јордановски