1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Втора шанса за Јанукович

10 февруари 2010

Украина избра и новиот претседател се вика Виктор Јанукович. Меѓутоа, ниту со оваа промена на чело на државата нема да бидат решени проблемите на земјата.

https://p.dw.com/p/Lx4Z

Демократијата му дава втора шанса. Виктор Јанукович секако победува на претседателските избори во Украина. Со тоа тој успева да ја совлада Јулија Тимошенко, харизматичната и истовремено спорна премиерка. Двајцата водеа огорчена кампања: таа, некогашната предводничка на демократската револуција пред пет години и тој , кој тогаш беше разобличен како изборен измамник и сега бараше реванш. Исходот од изборите беше очекувано тесен. Се’ уште имено во Украина еден на спроти друг стојат два табори. Сега судовите ќе мораат да ги решаваат кофликтите околу изборните резултати во одделни изборни места. Меѓународните набљудувачи меѓутоа утврдија неправилности само во ограничени размери, па изборите на крајот ќе бидат прогласени за важечки.

Johann_Bernd_2.jpg
Бернд Јохан- автор на коментарот

Малку простор за дејствување

Како тогаш ќе се оди натаму? Луѓето во земјата очекуваат , ветувањата за реформи конечно да бидат остварени. Тоа можеше на своја кожа да го почуствува пред се’ Тимошенко. Како премиер таа ја сноси одговорноста за катастрофалната економска состојба. Државата е практично банкрот и е упатена на помошта од Меѓународниот Монетарен Фонд. како лидер на опозицијата Јанукович можеше лесно да ја критикува владата, но како иден претседател тој истотака ќе има малку простор за дејствување.

Како на пример би можеле да се зголемат пензиите и социјалните издатоци, ако државата нема пари. Јанукович остана должен одговори на ова прашање во предизборната кампања.

Јанукович не е едностран проруски политичар

Истотака и во надворешната политика еден од домените на претседателот, веројатно нема да има никакви големи промени. Пред пет години Јанукович и неговата партија инсистираа на блискост со Русија. Меѓутоа Јанукович повеќе не е едностран проруски политичар, како што тврдат некои медиуми. Тој веројатно ќе настојува на поблиска соработка со Русија поради зависноста на Украина од руските енергенси, но истовремено тој ќе го форсира и натамошно приближување кон Европската Унија преку склучувањето на договор за слободна трговија, зашто на економски план ЕУ во меѓувреме е важна за Украина исто колку Русија, ако не и повеќе.

По претседателските избори веројатно сцена за нови борби за политичка моќ ќе биде парламентот. Така во Украина веќе се шпекулира како и кога би можеле да бидат спроведени предвремени парламентарни избори. Со оглед на еекономската состојба Украина меѓутоа не би можела да си дозволи уште една изборна кампања, меѓутоа секако ќе ја има.

Автор: Бернд Јохан

Предов: Симе Недевски

Редактор: Жана Ацеска