1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Втор судски процес поради аферата „Ватиликс“

ЕМФ/дв/дпа5 ноември 2012

Во Ватикан денеска (05.11) почна вториот судски процес во аферата „Ватиликс“. Компјутерскиот техничар Клаудио Шарпелети е соочен со обвинувања за помош при кражба.

https://p.dw.com/p/16cw1
Фотографија: Reuters

Клаудио Шарпелети се товари за пружање помош на батлерот на папата Паоло Габриеле, кој украл доверливи документи. Шарпелети е соочен со затворска казна во траење до една година. Во Рим се смета дека судскиот процес ќе биде краток. Четириесет и осум годишниот програмер во ватиканскиот Државен секретаријат во текот на истрагата самиот се заплетка во противречни изјави околу блискоста со батлерот на папата. На неговата работна маса луѓето од истрагата најдоа плик со документи од папата на којшто пишуваше „П. Габриеле лично“.

Vatileaks Prozess
Паоло Габриеле доби 18 месеци затворФотографија: Reuters

Инаку, Паоло Габриеле е веќе осуден на 18 месеци затвор поради тешка кражба. Тој во текот на судскиот процес призна дека украл тајни документи од папата, дека истите ги копирал и му ги дал на италијански новинар. И покрај шпекулациите кои се појавија во медиумите, судиите дојдоа до заклучок дека Габриеле не е дел од заговор.