1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Вук Јеремиќ исклучен од неговата партија

Александар Методијев/бета/миа16 март 2013

Комисија на Демократската партија (ДС) вчеравечер во Белград едногласно одлучи да ја одбие жалбата на Вук Јеремиќ, претседавачот со Генералното собрание на ОН, за одлуката за негово исклучување од таа партија.

https://p.dw.com/p/17ysU
Фотографија: picture-alliance/landov

„Со ова Јеремиќ е исклучен од членството во ДС, а одлуката на Статутарната комисија по ова прашање е конечна“, стои во соопштението на оваа партија. Комисијата ја донесе оваа одлука по три и пол часа заседавање. Јеремиќ, ако сака, може во недела да присуствува како гостин на Програмското собрание на ДС, изјави претседателот на оваа партија Драган Ѓилас за телевизијата Б92. Претседавачот со Генералното собрание на ОН Вук Јеремиќ на својот Твитер профил најави дека ќе дојде во Белград и ќе одржи говор на партискиот собир.

Одлуката за исклучување на Јеремиќ од партијата е донесена уште во средината на февруари. Причината е непочитување на одлуката на Главниот одбор – сите пратеници во српското собрание, кои биле членови на претходната влада, да ги вратат своите мандати. Јеремиќ за таквата одлука се жалеше и пред Уставниот суд на Србија, од кого побара да ја оцени уставноста и законитоста на ваквата одлука. Несогласувањата и исклучувањата од ДС почнаа откако Драган Ѓилас беше изабран за претседател на оваа партија.

Serbien Belgrad Bürgermeister Dragan Dilas
Исклучувањата од партијата почнаа со доаѓањето на Драган Ѓилас на нејзино челоФотографија: City of Belgrade

Од редовите на Демократите е исклучен и поранешниот министер за земјоделие Душан Петровиќ, кој со уште петмина партиски колеги во српскиот парламент веќе формира посебен пратенички клуб и најави формирање на партијата „Заедно за Србија“.