1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

В среда очекуваме позитивно мислење од Брисел,во декември кандидатски статус

7 ноември 2005

Ова е пораката што македонскиот премиер Владо Бучковски ја упати денеска во Виена каде што претстојува по втор пат за речиси еден месец .

https://p.dw.com/p/AcBT
Оптимизам кај премиерот
Оптимизам кај премиеротФотографија: dpa

Австрија е идниот претседавач со ЕУ и македонските власти со дипломатска иницијатива во оваа земја сакаат да обезбедат политичка но пред се економска подршка за македонските аспирации за европско интегрирање. Македонскиот премиер Владо Бучковски е во посета на главниот град на Австрија во последната дипломатска мисија воочи објавувањето на мислењето на Комисијата на ЕУ за македонската апликација за добивање на полноправно членство во Унијата.

Тој во обраќањето на Вториот економски Форум а пред средбата со австрискиот премиер Волфганг Шисел , го пренесе оптимизмот на македонските власти воочи 9 ноември.

Бучковски во Австрија претстојуваше и на почетокот на октомври, начи вторпат за нешто повеќе од еден месец . Имено македонскиот премиер смета дека Австрија подобро ги познава состојбите во балканските земји отколку другите европски земји и токму затоа е среќна околност што оваа земја ќе биде претседавач со Унијата од почетокот на наредната година

„Ние очекуваме со стартот на австриското претседателствување со ЕУ, Австрија да биде дополнителен гарант за нашата јасна европска перспектива. Ние очекуваме посилна улога на Австрија во Македонија. Нејзината улога е многу важна за нас бидејќи споредена со другите земји таа подобро ја разбира ситуацијата во регионот“- истакна Бучковски во разговорот со австриските новинари во Виена дополнувајќи дека Австрија традиционално била отворена врата за балканските земји.

Последните статистики од друга страна покажуваат дека економското присуство на Австрија во балканските земји станува се подоминантно:

„Според досегашните статистички податоци Австрија е најголем инвеститор во Романија , Бугарија , Хрватска , Босна и Херцеговина а сега и Србија и Црна Гора и затоа очекуваме Австрија наскоро да стане еден од најголемите инвеститори во Македонија исто така.“

Токму поради сето ова како што рече Бучковски во фокусот на оваа негова посета на Австрија , учеството на Виенскиот економски форум и средбата со колегата домаќин Шисел се ескономските теми пред се можноста Македонија да стане примамлива дестинација за инвестиции на австриските фирми . Македонскиот премиер најави засилени напори во таа насока.

Инаку Австрија веќе објави дека економскиот напредок на Западниот Балкан и неговото интегрирање во ЕУ ќе биде еден од главните приоритети за време на претседателствувањето на оваа земја со ЕУ.