1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

В среда погреб на Јелцин и ден на жалост во Русија

24 април 2007

На погребот на Борис Јелцин ќе присуствуваат делегации од странство. Германија ќе ја претставува сојузниот претседател Хорст Келер.

https://p.dw.com/p/Adrm
Фотографија: AP

Посмртните останки на Јелцин попладнево и утре претпладне ќе бидат изложени во црквата на Христовото спасение во Москва, во која утре ќе се одржи и мисата за починатиот. Во Русија среда е ден на жалост. Борис Јелцин ќе биде погребан на Новодевствените гробишта во Москва, на кои почиваат и писателот Михаил Булгаков, оперскиот пејач Борис Шалјапин, композиторот Дмитриј Шостакович, некогашниот советски лидер Никита Хрушчов и сопругата на Михаил Горбачов, Раиса.

На погребот се поканети делегации од странство. Најавено е, но од американска страна не е потврдено доаѓањето на поранешните американски претседатели Џорџ Буш сениор и Бил Клинтон. Германија ќе ја претставува сојузниот претседател Хорст Келер.