1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Газа - војна и хаос

Бенјамин Вест4 јануари 2009

Израелската армија започна тотална војна против радикално-исламистичката организација Хамас во Појасот Газа. Во тој крајбрежен регион царува насилството. Не за првпат. Историјата на Појасот Газа е испишана со крв.

https://p.dw.com/p/GPS9
Пред копнената офанзива, израелската воена авијација повеќе денови бомбардираше цели во ГазаФотографија: AP

Луѓе врескаат, облеани во крв. Меѓу урнатините се слушаат лелекања на оние што изгубиле некого - во Газа владеат војната и хаосот. Веќе има стотици мртви, во халите за лешови нема слободен простор, болниците се преполни. Хуманитарците од ОН велат дека има недостиг од се`. Често снемува електрична струја, многу болнички возила не се употребливи, затоа што нема бензин. Има клиники каде што нема пластични ракавици за една употреба, а да не споменуваме резерви од крв или лекови. Ситуацијата нема брзо да се реши. Израелците најавија огорчена војна.

Што е, всушност, појасот Газа?

Karte Israel Gaza und Westjordanland
Израел, Газа и Западниот брегФотографија: AP Graphics/DW

Појасот Газа гори и тоа не за првпат. Појасот Газа: станува збор за крајбрежен регион на истокот од Средоземното Море, меѓу Израел и Египет, со градот Газа како центар. Целиот појас, исто како и Западниот брег, е дел од палестинските автономни области. Во Газа живеат околу 1,5 милиони жители, од кои половината се помлади од 15 години. Најголемиот дел од населението се бегалци и нивни потомци, кои во 1948 година избегале од денешен Израел. Формирањето на државата Израел беше причина за таа прва израелско-арапска војна. Оттогаш појасот Газа беше под управа на Египет, се` до 1967 година, кога почна втората војна.

Упориште на Хамас

Palästina Bewaffneter Anhänger der Hamas im Gaza Stadt
Еден од војниците на ХамасФотографија: AP

„Не ни треба уште територија, сакаме само да можеме да ја изградиме онаа територија што ја имаме“, со овие зборови израелскиот премиер Леви Ешкол ја правдаше шестдневната војна од 1967 година. Израелците почувствуваа опасност за својата егзистенција и го нападнаа Египет. Арапите, пак, го оценија овој испад на агресија како кулминација на територијалните претензии на Евреите. Израел победи во оваа војна, го зазема појасот Газа и основа повеќе еврејски населби. Од 1994 година, областа им припаѓа на палестинските автономни власти. Но, мирот ниту тогаш не се врати. Појасот Газа до ден-денес остана упориште на арапско-исламистичкиот фундаментализам на радикалната организација Хамас.

Израелците се повлекуваат

Israelis weg - Palästinensische Jugendliche feiern
Млади Палестинци го слават повлекувањето на ИзраелцитеФотографија: AP

„Повлекувањето на окупаторот од појасот Газа е резултат на нашиот отпор и нашата пожртвуваност. Тоа покажува дека сме способни да ги оствариме нашите цели.“ Со овие зборови славеше водачот на Хамас, Исмаил Ханија, откако израелскиот премиер Ариел Шарон во 2005 година најави напуштање на 21 еврејска населба од појасот Газа. И покрај тоа што на луѓето им беа ветени пари за изградба на нови домови во Израел, многумина од нив одбиваа да ги напуштат населбите. Човек не може да го замени домот со пари, гласеше нивниот аргумент.

Газа - непријателска област за Израел

Reaktion Iran Gaza Angriff Israel
Мир?!Фотографија: AP

Но, и по отселувањето на Израелците не завладеа мир. Двете палестински организации Фатах и Хамас водеа жестоки битки за регионот. Во 2007 година Хамас конечно ја презема власта во појасот. Оттогаш наваму го има последниот збор, под раководство на Исмаил Ханија. Тој се залага за формирање на посебна држава, заснована на принципите на шеријатското право. Хамас постојано се бори за уништување на Израел, а соседот во 2007 година реагира на тоа со прогласување на Газа за „непријателска област“.