1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

061109 Gaspipeline Russland D

16 септември 2011

Гасоводот наречен Норд стрим (Северен тек), долг повеќе од 1200 км, што оди преку дното на Балтичкото море, е изграден за околу 18 месеци и беше пуштен во погон пред неколку дена. Какви ефекти се очекуваат од него?

https://p.dw.com/p/12Yy0
Што ќе донесе гасоводот?Фотографија: DW

Гасот сега оди директно од Виборг во Русија до Лубмин во Германија. Со гасоводот, што беше договорен во 2005 година, кога Герхард Шредер беше германски канцелар, Русија сака да постигне независност на транзитот на гас, а Германија да си обезбеди сигурно снабдување со тој клучен енергенс.

„Ова значи дека ние постепено и без било какви акти на сила се ослободуваме од диктатот на транзитните земји“, изјави рускиот премиер Путин при свеченото пуштање во погон. Тој го означи гасоводот како „прозорец кон Европа“.

Infografik Ostsee Pipeline Nord Stream DEU
Фотографија: DW

Ако се’ оди според планот, кон крајот на октомври или во почетокот на ноември за првпат европските потрошувачи ќе добијат руски гас преку овој гасовод, преку кого треба да бидат транспортирани 55 милијарди кубни метри гас годишно. Русија вака ќе може да ја заобиколи Украина како транзитна земја, со која во минатото повеќе пати беше во спор околу транзитните такси, што водеше до подолги прекини на испораката. „Украина е навистина одамна наш партнер, но секоја транзитна земја лесно доаѓа во искушение да ја искористи позицијата. Сега е крај на таквата ексклузивна позиција“, нагласи Путин.

Критичарите предупредуваа дека натамошно расте моќта на Русија на енергетскиот пазар, а Германија и Европа стануваат се’ позависни од неа. Екологистите и крајбрежните држави залудно протестираа против изградбата на гасоводот. Поранешниот канцелар Герхард Шредер сега е шеф на Одборот на акционерите во акционерското друштво „Норд стрим“.

Автор: ЗЈ/ ЕМФ/ дв

Редактор: А. Трајковска