1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

„Гаспром нефт“ го проширува бизнисот на Балканот

Марина Максимовиќ/ Симе Недевски5 април 2013

Најголемиот инвеститор во Србија, Нафтената индустрија на Србија, во мнозинска сопственост на рускиот „Гаспром нефт“ најавува проширување на својот бизнис и прогнозира брз развој во Западен Балкан.

https://p.dw.com/p/18ALM
Фотографија: picture-alliance/dpa

Западниот Балкан, во моментов , според зборовите на генералниот директор на Нафтената индустрија на Србија (НИС), Кирил Кавченко, е еден од најзанимливите региони за развој и инвестиции во секторите на енергетика, земјоделство и инфраструктура. Компанијата која важи за најголем инвеститор во Србија а е во мнозинска сопственост на „Гаспром нефт“ најавува проширување на инвестициите од дури три милијарди евра во наредните години.

Кравченко во разговорот за ДВ порачува дека многумина би можеле да бидат изненадени од брзиот развој на Балканот: „Важно е да се привлечат инвестиции. Со инвестициите можат да се решат многу работи. Ние сакаме да му помогнеме на регионот да заздрави и да реши и некои други проблеми поврзани со економијата. Тоа нема да биде лесно. Ќе има многу работа , но капацитетите се такви што тоа е еден од најдобрите региони за идниот развој.“

Kirill Albertovich Kravchenko
Генералниот директор на Нафтената индустрија на Србија (НИС), Кирил КавченкоФотографија: NIS

Да се работи повеќе и засилено

Можностите кои ги нуди регионот, плус атрактивната даночна политика се предностите на Западниот Балкан од агол на инвеститорите. Дали овој регион опишуван како простор за судир на стратешките интереси на Истокот и Западот може во деловна смисла сепак да ја искористи својата позиција? „Од деловен агол Истокот и Западаот можат да ги усогласат своите интереси на Балканот“, смета Кравченко и додава:„ Ова е момент во кој , да речеме Србија води избалансирана политика и се обидува да привлече инвеститори од сите делови на светот. Тоа е најдобар начин за заздравување на регионот во актуелнава криза“. 

Со оглед на културните и историски врски, народите на Балканот можат да имаат поголема наклонетост кон некои држави но во деловна смисла , како и во политиката важат други  критериуми. По најуспешните години во историјата на компанијата, од НИС порачуваат дека формулата на успехот е заснована на три нешта: луѓето, технологијата и инвестициите.

Прашан за пречките во работењето на Балканот Кирил Кравченко вели: Не гледам тешки пречки. Можеби севкупната криза е пречка, бидејќи влијае на потрошувачката, куповната мож, но тоа е поврзано со цела Европа. Некои други пречки не гледам. Единствено што е потребно е многу да се работи. Доколку сакаш да заработиш, потребно е да работиш. Не онака како тие пропишано, туку уште повеќе и посилно“.

Logo Serbien Ölindustrie Unternehmen NIS

Со инвестиции можат да се решат многу работи

Како што секоја економска криза има свои последици, така и економското заздравување би можело да влијае и врз политичката стабилност. Генералниот директор на НИС и заменик генерален директор за управување со сретствата на „Гаспром нефт“ во странство смета дека иднината на Западниот Балкан покрај економско заздравување ќе донесе и политичка стабилност како и нормализирање на односите меѓу државите во регионот. Во евроинтеграциските процеси на овие земји, како и прифаќањето на стандардите на ЕУ, Кравченко гледа дополнителна стабилност.

„Тоа ќе биде од помош, бидејќи Европа има големи искуства во одесувањето кон инвеститорите. Усогласувањето на законите со европската практика генерално е добро за инвеститорите, за што се создава предвидливо и отворено деловно опкружување и стратешки сметам дека тоа е добра насока“, вели Кравченко.

Мрежата на деловно работење на НИС продолжува да се шири и воземјите во регионот. Во прашање се две насоки- истражување на наоѓалишта на нафта и гас и изградба на мрежа на бензиски пумпи. „Конкуренцијата во регионот е силна. Но ако сакаш да бидеш успешем, потребно е да најдеш нешто што го работиш подобро од другите“, заклучува Кравченко.