1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Гвантанамо во Авганистан!?

Саид Муса Самими3 февруари 2009

Оспоруваниот логор на Куба не е единствениот американски затвор за осомничени за тероризам. Сличен постои и во американската воена база во Баграм кај Кабул. Каква е ситуацијата во оваа институција?

https://p.dw.com/p/Glrr
Затвореници во ГвантанамоФотографија: AP

Од информациите што се на располагање може да се заклучи дека почитувањето на човековите права во затворот во Баграм е барем толку лошо колку и во оној на Гвантанамо. Со една суштинска разлика - Баграм е затвор во земја каде се води војна и затоа за него важат други критериуми. Во моментов не може ништо да се каже за судбината на околу 650 лица кои се затворени во него. Станува збор пред се’ за талибански борци, уапсени во борбите. Според најавите на новата американска администрација, Барак Обама има намера уште порешително да ја води борбата против талибанските сили во Авганистан. Дотолку е веројатноста за скорешно затворање на оваа установа навистина мала.

Нечовечки услови за затворениците

Од изјавите на инсајдери, пред се’ поранешни затвореници кои биле пуштени на слобода, се дознава дека условите се многу лоши. Тие се подложени на измачување при сослушувањата, како тепање, закани и затворање во самици. Мохамад Акрам Мир Хасар од авганистанската Комисија за помирување водел повеќе разговори со поранешни затвореници, кои се жалеле на третманот во затворот на Американците. Лал Гул Лал од една невладина организација во Авганистан тврди дека условите се многу тешки. Во Баграм според него се кршат меѓународно признатите човекови права во секој поглед. „Има измачувања, сакатења, а некои затвореници дури умреле од тоа“, предупредува Лал. Наџиб Махмуд, правник од Кабул, поради овие причини бара при сослушувањата да присуствуваат авганистански адвокати или меѓународни претставници. Доколку тоа не се случи, тој е сигурен дека ќе дојде до натамошни напнатости и заострување на кризата во Авганистан!“

Taliban Gefangene in Guantanamo
Талибански затвореници во ГвантанамоФотографија: AP

Планови за модернизирање

Новата американската администрација треба да реши уште дали ќе ги оствари плановите на претходната влада за изградба на нов затвор со подобри, модерни услови, исто така во базата Баграм. Сегашниот затвор е преуреден хангар за поправка на авиони од времето на советската окупација. Во меѓувреме, според американски извори, околу 500 затвореници биле префрлени во специјалниот затвор во Пул-и-Чакри, каде надзорот го вршат авганистански војници. Меѓутоа Американците не ја разгледуваат можноста сите затвореници од Баграм да преминат таму и да им се предадат во надлежност на авганистанските правосудни органи. Тие стравуваат дека затворениците би можеле да побегнат или да бидат ослободени преку плаќање мито.