1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

220508 Birma Ban

Бернд Муш Боровска 23 мај 2008

Генералниот секретар на ОН ги посети местата погодени од катастрофата во Мјанмар. Од воента хунта Бан Ки Мун побара поголема соработка во процесот на пружање помош за жртвите од циклонот Наргис.

https://p.dw.com/p/E4f0
Бан Ки Мун во МјанмарФотографија: AP

Со пријателски поздрав Бан Ки Мун беше пречекан на аеродромот во Јангун. Потоа генералниот секретар на ОН вчера претпладне го прими министерот за надворешни рботи на Мјанмар Нијан Вин.

Потоа беше организирана посета на храмот Шведагон Пагоде, каде Бан Ки Мун им оддаде почит на жртвите и истакна дека ја посетува земјата за да искаже солидарност со народот, а ги посети и погодените региони. На разговорите со премиерот Теин Сеин, генералниот секретар на светската организација беше поконкретен и критикуваше поради спориот процес на пружање помош за жртвите од катастрофата.

На еден милион луѓе им е потребна итна помош

ОН и меѓународната заедница се подготвени да му пружат помош на Мјанмар. Бан Ки Мун изрази и надеж дека владата ќе ја координира меѓународната помош за што е можно побрзо да стигне до оние на кои таа им е потребна.

Според проценките на ОН, засега помош е пружена само на една четвртина од преживеаните во делтата Иравади. Меѓународните хуманитарни организации сметаат дека околу 2,5 милиони луѓе се без покрив над главата, а за околу 1 милион е неопходна брза помош.

Треба да почне процесот на обнова смета воената хунта

Воената хунта на Мјанмар смета пак дека најлошото поминало и дека е завршена првата фаза од помошта за жртвите од катастрофата. Сега почнува процесот на обнова се вели во државните медиуми.

За таа цел воената хунта во недела огранизира донторска конференција во Јангун, дотогаш треба да се надминат двете различни сфаќања за ситуацијата во земјата вели Бирке Херцбрух, проект координатор на хуманитарната организација Малтесер во Јангун „Слушнавме дека Мјанмар ова го гледа како вистинска донаторска конференција, при што треба да се обезбедат повеќе пари и каде ќе се зборува за обнова на земјата, додека ОН фокусот го насочуваат кон пристапот до погодените области.“

Средба со генералот Тан Шве

Ова е првпат по 1964 година Генрален секретар на ОН да ја посети јужноазиската земја, раковдена од воената хунта. Претседателот на така наречениот Совет за мир и развој , како што хуната самата се нарекува, генералот Тан Шве откако две недели ниту телефонски не разговараше со Бан Ки Мун, денеска го прими генералниот секретар на ОН во новиот главен град на земјата Најпидав, оддалечен околу 350 километри од областа погодена од катастрофата. Пред средбата Бан Ки Мун изрази оптимизам.