1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Генерално собрание на ОН

20 септември 2006

Со говорите на генералниот секретар на ОН Кофи Анан и американскиот претседател Џорџ Буш вчера во Њујорк беше отворено 61 заседание на генералното собрание на ОН. Војната во Ирак, мировната мисија во Либан и контроверзите околу иранската атомска програма беа централни теми во говорот на присутните, меѓу нив и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад

https://p.dw.com/p/Adx9
Фотографија: AP

Првиот човек на светската организација во своето последно обраќање пред генералното собрание се осврна на проблемите на Блискиот исток. ОН за заедничко наминување на конфликтот немаат алтернатива:

„Климата на страв и сомнеж постојано се дополнува со насилствата на Блискиот исток. За арапско израелскиот конфликт можеби сакаме да мислиме дека е еден од многуте, но тој не е тоа. Ниту еден друг конфликт не содржи толку моќни симболи и емотивен набој меѓу луѓето. Се додека палестинците живеат под окупација и секојдневна фрустрација и понижувањ, се додека израелците се разнесуваат низ автобусите, страдањето и гневот ќе се разжештува„

Амњериканскиот претседател Џорџ Буш ја скицираше политиката на САД, за еден демократски и слободен регион на Блискиот исток. Тој ги нагласи Ирак и Авганистан како пример за напредок.

„ Ние го почитуваме исламот, но ќе го штитиме нашиот народ од оние кои го искривуваат исламот за сеење смрт и деструкција. Наша цел е да ви помогнеме да изградите потолерантно и понадежно општество во кое ќе се почитуваат луѓето од сите вери. Во однос на народот на Иран, САД ве респектираат и ја почитуваат вашата држава, култура историја и вашата заложба за сопствена иднина. ОН донесе јасна резолуција со која се бара од Техеран да ги исполни меѓународмните обврски. Иран мора да се откаже од нуклеарните амбиции„ нагласи Буш

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ги обвини САД и Велика Британија дека го нарушуваат кредибилитетот и ефективноста на советот за безбедност на ОН. Тој повторно нагласи дека нуклеарната програма на Иран е исклучиво за домашна употреба.