1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ги притиска Скопје и Атина за компромис

Силвера Падори-Кленке10 октомври 2012

ЕУ е преокупирана со еврокризата, но проширувањето останува приоритет на кој треба да се биде доследен, изјави за ДВ Михаел Линк, државен секретар во германското МНР. Експертот Акст ги анализира шансите на Македонија

https://p.dw.com/p/16Mys
Michael LinkФотографија: DW

„На регионот на Западниот Балкан секогаш му сигнализиравме дека сме подготвени да го поддржиме проширувањето. Но, кажавме: секоја земја ќе биде вреднувана според индивидуалните достигнувања. Македонија постигна добар напредок и верувам дека тоа ќе се рефлектира и во извештајот за напредок на Европската комисија. Во политиката на проширувањето треба да останеме веродостојни, и да  сигнализираме дека тоа продолжува“, изјави за ДВ Михаел Линк, државен секретар во германското МНР. Имајќи го предвид се’ уште нерешеното прашање со името, Линк, меѓутоа, не е конкретен дека овој сигнал на Македонија ќе и биде испратен токму сега, но е дециден дека Германија притиска и врз Скопје и врз Атина за постигнување компромис, а во Македонија гледа значаен партнер кој во иднина ќе биде дел од ЕУ.
Добриот познавач на Балканот професорот  Хајнц-Јирген Акст за ДВ вели дека и натаму важат европските перспективи ветени во Солун и нема причина зошто истите официјално би се ревидирале.
„Од друга страна, меѓутоа, мора реално да се каже дека во догледно време не може да се смета со натамошно проширување на ЕУ со земјите од Западниот Балкан“, смета Акст. Причини апоред него се две: толку често цитираната замореност на Европската унија која е засилена со проблемите од актуеланата криза на еврозоната, но и несоодветниот обем реформи од очекуваните во земјите претенденти. За да се надмине стагнацијата во проширувањето  која води во безнадежност, според професорот Акст,  потребно е за  земјите од Балканот повторно да се дефинираат  среднорочните перспективи.

Комисијата понаклонета од Советот

„Македонија во моментов има многу проблеми. Спорот со името е само еден.И покрај евро кризата Грција и натаму блокира. Европартнерите не се подготвени повеќе да притиснат врз Грција, иако според мое лично мислење ова би било посакувано.Втор проблем е зголемената внатрешно - политичката затегнатост. Сакајќи да изнајде дел од сопствениот идентитет Владата води прилично силен курс на антиквизација на Александар, кој колку што гледам не е прифатлив од албанската страна. Има повторно засилување на внатрешно-политичките тензии, што значи Македонија повторно мора да ја воспостави внатрешно-политичката рамнотежа “, анализира професор Акст кого го прашуваме: што може конкретно денес да се очекува од Брисел?
„Најпрво, не би ја потценил можноста Комисијата да даде датум за пристапните преговори, што би било потврда дека Комисијата, која не е толку силно национално определена, гледа дека е постигната зрелост за почеток на пристапните преговори. Ова би било позитивен знак дека Комисијата сака да ја води Македонија во ЕУ. Европскиот совет секогаш го карактеризирале националните интереси, а тоа во моемнтов се оние на Грција, кои се тешки и во кои членството се условува и не се дозволува. Втора работа е што нема подготвеност од европските партнери на Грција да и укажат дека нејзината интерпретација е еднострана и недозволива“, изјави за ДВ професор Хајнц-Јирген Акст кој вели дека е реален и не верува дека Европскиот совет ќе даде импулс за нов развој на ситуацијата.

Prof. Heinz-Juergen Axt
Европската комисија може да даде сигнал и датум за пристапните преговори. Смета професор Хајнц-Јирген АкстФотографија: DW