1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија избира нов Бундестаг - рекордно гласање по пошта

ЖА / агенции
26 септември 2021

Германците денеска гласаат за нов состав на Бундестагот. Главната изборна битка се води меѓу Унијата (ЦДУ/ЦСУ), СПД и Зелените.

https://p.dw.com/p/40sHv
BTW 2021 | Deutschland vor der Wahl | Plakate der Kandidaten
Фотографија: John Macdougall/Getty Images/AFP

На околу 60.000 избирачки места денеска се гласа за нов состав на Бундестагот. Околу 60,4 милиони граѓани со право на глас до 18 часот можат да одлучат кој ќе владее во следните четири години со земјата, давајќи го својот прв и втор глас. Околу 2,8 милиони граѓани првпат излегуваат на сојузни избори, на кои овојпат учествуваат вкупно 47 партии.

Се очекува во текот на овие избори бројот на оние кои гласаат по пошта да биде многу повисок од досега – се прогнозира дека ќе бидат најмалку 40%, додека во 2017 година беа 28,6 %. 

Според  анкетите на јавното мислење, СПД со канцеларскиот кандидат Олаф Шолц се во мала предност пред Унијата (ЦДУ/ЦСУ) со кандидатот Армин Лашет, зад нив заостануваат Зелените со кандидатката Аналена Бербок.

Но, истражувањата на јавното мислење се само одраз на моментното политичко расположение и не можат да бидат земени со сигурност во однос на крајниот изборен резултат, дотолку повеќе што на овие избори излегува и голем број неопределни гласачи.

На сојузните избори во 2017 година најсилна партија беа ЦДУ/ЦСУ со освоени 32,9 % гласови, СПД со 20,5%, АфД трета со 12,6%, следеа ФДП со 10,7%, Левица со 9,2 % и Зелените со 8,9%.

Што им е важно на германските избирачи? 

Што им е на германските избирачи важно при носењето на одлуката за кого ќе гласаат? Дали се тоа идеологијата и програмата или клучни се личностите ои ја претставуаат одредена партија? 

Избори во Германија: „Хипикот“ Бербок против „џогерот“ Шолц и „вљубениот“ Лашет

Според анкета на Институтот по порачка на агенцијата ДПА, 44 % од избирачите навеле дека подеднакво важни им се и ставовите и политичарот кој ги застапува,  38% ќе гласаат според прогама и идеологија, а само 7% се поведуваат од симпатии кон кандидатите. 

Истовремено, анкетата ги потврдила и резултатите од други истражувања: малкумина се импресионирани и од политичките партии и од кандидатите. Од 2.647 испитаници според репрезентативен примерок, 31% кампањата ја оценил за лоша, а 45 % за просечна. Само 14 % биле задоволни, а 10 % се воздрќале од одговор. Од кандидатите биле незадоволни 35 % од анкетираните, за просечни ги оцениле 45 %, а 15 % изјавиле дека се задоволни од нив.  

Покраински избори

Денеска истовремено со изборите за  Бундестаготсе одржуваат избори и за нов состав на покраинскиот парламент во Мекленбург-Предна Померанија и за нов состав ва Сенатот во градот-покраина Берлин. Според проценките, партијата СПД би можела да биде победник во двете покраини.