Германија има најмалку млади без работа
10 август 2012Во Гремнаија има толку малку невработени млади луѓе како во никоја друга земја од ЕУ. Според Службата за статистика Евростат, во јуни невработени биле 350 луѓе на возраст меѓу 15 и 24 години. Со тоа стапката на невработени млади во Германија изнесува 7,9 проценти, што е намалување во однос на минатата година.
Највисока квота во јужна Европа
Во 27-те членки на ЕУ стапката на млади без вработување во просек е 22,6 проценти, значи, речиси трипати поголема од германската.
„Со тоа во ЕУ речиси секој четврт млад човек кој може и сака да работи, нема вработување“, велат статистичарите. Во ЕУ во јуни напразно работа барале дури 5,5 милиони млади.
Најдраматична е состојбата во и без тоа исцедените кризни држави во јужна Европа. Во Грција стапката на невработени млади достигна дури 52,8 проценти, во Шпанија 52,7 насто. Слично ниска стапна како Германија имаат Австрија со 8,8 насто и Холандија со 9,3 проценти.
Бројките се добиени преку податоците на ИЛО
Бројките ги соопшти Службата за статистика на Германија од Висбаден. Тие се добиени врз основа на параметрите на Меѓународната организација за труд ИЛО и се разликуваат од податоците на германската Агенција за труд. Според ИЛО-стандардите, невработен е оној кој работи помалку од еден час неделно, барал работа во последните четири недели и може да добие работно место во следните две недели. Податоците се добиени од анкети и ги содржат со тоа и проценките на самите засегнати.