1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Данска ќе се поврзуваат со мост

30 јуни 2007

*

https://p.dw.com/p/B7t4

Германија и Данска постигнаа согласност за изградба на еден од најголемите мостови во Европа преку Балтичкото море. Реализацијата на проектот треба да започне во 2011 година и да финишира во 2018. Изградбата на 19 километри долгиот мост, кој двојно ќе го скрати патувањето со автомобил од Хамбург до Копенхаген ќе чини 5,5 милијарди евра.