1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Кина ја продлабочуваат економската соработка

28 јуни 2011

Денеска во Берлин се одржаа првите германско-кинески владини консултации. Главна тема на заедничката седница на двете влади беше економската соработка. Притоа беа потпишани договори во вредност од десет милијарди евра.

https://p.dw.com/p/11kj0
Фотографија: picture alliance/dpa

Една од најважните зделки, склучени на државно ниво, е продажбата на 62 авиони од типот „Ербас А320“ на Кина. Двете делегации потпишаа вкупно 14 договори. Четири од нив се од чисто економска природа, додека беа склучени меѓу повеќе министерства на двете земји.

За време на заедничката владина средба, Меркел ги опиша врските меѓу Германија и Кина како „особено длабоки и интензивни.“ Со посетата на кинескиот премиер на Берлин се отвора ново заглавје во нашите односи, истакна Меркел денеска во Берлин.

Кина и` подава рака на ЕУ

Во рамките на средбата договорено е економската размена меѓу двете најголеми земји-извознички во светот да достигне 500 милијарди евра во наредните пет години. Кинескиот премиер ја искористи можноста да искаже доверба во евро-зоната, истакнувајќи дека проблемите со долговите на одредени земји-членки, како Грција, се само привремени. Кога Европа се соочува со тешкотии, тука сме да и` подадеме рака, рече кинескиот премиер, додавајќи дека ЕУ е во состојба „целосно да ги надмине моменталните предизвици.“

За време на состанокот во германската престолнина, Меркел го убедувала гостинот од Кина дека Германија прави се` што е во нејзините можности за да ја обезбеди стабилноста на заедничката европска валута.

Flash-Galerie Berlin Chinas Ministerpräsident Wen Jiabao und Bundeskanzlerin Angela Merkel
Џиабао пристина во понеделникот со над триста члена во својата делегацијаФотографија: dapd

Експертите нагласуваат дека Германија се надева и на изедначување на инвестициите меѓу двете држави. Директните германски инвестиции во Кина моментално изнесуваат 20 милијарди евра, додека Кина има инвестирано само шестотини милиони евра во Германија.

Поголемо владеење на правната држава

Иако посетата на кинеската тристачлена делегација помина во знакот на економската соработка, германската канцеларка ја отвори и деликатната тема, наречена човекови права. Меркел побара од Кина транспарентност на судските процеси, како и подобрување на условите за работа на новинарите во земјата. Шефицата на германската влада го поздрави и минатонеделното ослободување на двајцата дисиденти Аи Вејвеј и Ху Џиа и побара правилото за транспаранетно судење да важи и за другите поборници за човекови права.

Автор: ТТ/ СН/ дпа/ ројтерс/ афп

Редактор: Александра Трајковска