1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и натаму се бори со поплавите

АТ/афп/дпа/ртр11 јуни 2013

Поплавите во делови на Германија се повлекуваат, а на некои места стагнираат. Меѓутоа високиот водсотој на реките не е повлечен. Се' уште мора да се смета на попуштање на насипите.

https://p.dw.com/p/18ns3
Фотографија: Ronny Hartmann/AFP/Getty Images

Високиот водостој, откако ја достигна највисоката точка во покраината Саксонија Анхалт полека се движи кон северна Германија.

Главен проблем претставуваше попуштањето на насипот кај местото Фишбек во округот Штендал. Овде водата истекуваше во земјата зад насипот. Бундесверот меѓутоа успеа со големи вреќи песок да ја пополни дупката од околу 50 метри. Повеќе од 11.000 луѓе од околните места се евакуирани. Голема опасност претставува и еден попуштен насип кај Хоенгерен.

Во покраинскиот главен град Магдебург, водостојот кој достигна максимална вредност од 7,46 метри почна да опаѓа и сега е под границата од седум метри. Во вообичаени услови водостојот таму изнесува два метри. Околу 300 жители на населбата Ротензе и понатаму неможат да се вратат во своите домови, како и околу 20.000 жители од населбите источно од реката Елба. Поради тоа што е затворен мостот на Елба во Саксонија-Анхалт е попречен железничкиот сообраќај со брзите возови меѓу Берлин и Келн, и Берлин и Франкфурт на Мајна.

Hochwasser Deutschland Schönhausen 11. Juni 2013 Bahn Gleise
Пруги под водаФотографија: picture-alliance/dpa

Поплавите во меѓувреме се движат кон северот на земјата. На северот од Бранденбург состојбата во текот на ноќта стагнираше. Во местото Витенберге, според Кризниот штаб, претпладнево беа измерени 7,75 метри водостој, но според властите нема да се достигне границата од осум метри, од која се стравуваше.

Во Мекленбург Предна Померанија водостојот на Елба очигледно ја достигна највисоката точка и таму беше измерен водостој речиси пет метри над вообичаената состојба.

Долна Саксонија и Шлезвиг Холштајн се борат со поплавите

Во Долна Саксонија исто така состојбата со високиот водостој на реките стагнира, соопштуваат кризните штабови. Засега оттаму нема информации за попуштање на насипите. Во Хицакер претпладнево беа измерени 8,17 метри висок водостој, а таму вообичаено е водостојот на водата да изнесува 2,70 метри. Експертите очекуваат дека високиот водостој уште неколку денови ќе остане на ова ниво.

Wittenberge Ölmühle Sandsäcke
Со песочни вречи против поплавитеФотографија: DW/A.Drechsel

Во Лауенбург на Елба во покраината Шлезвиг Холштајн состојбата минимално се влоши. Експертите очекуваат дека таму водостојот ќе се покачува два до три сантиметри на час. Таму се заканува да биде поплавен историскиот стар град.

Германскиот министер за стопанство Филип Реслер има намера да ги поддржи жртвите од поплавите, преку паушални исплати од еден фонд за помош. Во него би требало да уплаќаат сојузот и покраините, изјави Реслер за регионалното радио РББ. Исто така и покраините кои не се погодени од поплавите би требале да учествуваат во фондот, бара министерот.