1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија и Франција заеднички за доселувањето

Силвера Падори12 ноември 2007

Централна тема на традиционалната средба на германската и француската влада што се оддржа денес во Берлин беше интеграцијата на доселениците

https://p.dw.com/p/CAZU
Во Берлин е договорено со доселувањето да се позанимаваат ресорните министри на наредната министерска средба во ФранцијаФотографија: AP

Консултациите на германско-францускиот министерски совет годинава донесоа нови акценти. Договорено е не само меѓусебно да се дискутира, туку и да се разговара со луѓето. Со ваква намера беше и посетата на училиштетот “Роман Роланд” во Рајникендорф, каде имаше интересни дискусии со учениците околу интеграцијата. Идеја е интеграцијата да биде и главна тема на наредната средба во Франција меѓу претставниците на двете влади. Министрите за правда, внатрешни и надворешни работи на двете земји заеднички ќе ги разработат посебните аспекти на доселувањето и темата доселување ќе ја подготват за едно ЕУ ниво. Ова го истакна канцеларката Ангела Меркел по разговорот со францускиот претседател Никола Саркози. Тој го предводи комплетмниот француски кабинет на министерските разговори во Берлин кои од 2003 се традиционални.

Границите под лупа

Францискиот перетседател Никола Саркози го истакна значењето на ваквите контакти и воопшто на интеграцијата. За една успешна интеграција на странците, спопред Саркози, западните земји мора да се спротивстават на илегалното доселување. Мора да ги имаат под лупа сопствените граници. Најголем непријател на интеграцијата се оние кои го организираат илегалното доселување. Доколку нема смелост доселеничкиот бран да се контролира, може да дојде до експлозија на социјалниот систем - смета Саркози

Меркел во разговорите со берлинските ученици подвлече дека јазикот е клучен за добрата интеграција.Владеењето на германскиот јазик е решавачки дали едно дете во Германија ќе има подеднакви шанси констатираше Меркел апелирајќи до доселениците да ги поддржуваат своите деца да читаат германски книги. Таа забележа и дека е време во Христијанскио демократската унија место да добие пратеник со турско потекло.

Едномисленици околу Иран

Меркел и Саркози разговараа и за меѓународни теми.

“По однос на Иран сме истомисленици. Сметаме дека проблемот треба да се решава во Обединетите нации”. Образложи Меркел, која исто и како Саркози не ги исклучи санкциите.

На Германско француските консултации денеска во Берлин учествуваат комплетните кабинети да двете земји. Белег на денешниот ден му даде и спречениот напад врз канцеларката од страна на еден 25 годишен маж кој со кренати тупаници се обиде да насрне на канцеларката протесирајќи против контролата на државата и планираниот увид врз податоците во компјутерите. Безбедносните служби навреме интервенираа и го притворија агресивниот граѓанин.