1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија надвор од трката за медал на ЕП во кошарка

14 септември 2007

Германците остануваат во трката за место на квалификацискиот турнир за учство на ОИ во Пекинг

https://p.dw.com/p/Bfm8
Фотографија: AP

Домаќинот на ЕП во кошарка, Шпанија, ги урна надежите на Германија дека може да влезе во борба за медал на првенството. Синоќа во четвртфиналниот натпревар Шпанците ја совладаа индиспонираната Германија со високи 83:55 и обезбедија пласман меѓу четирите најдобри. Германија го очекува победникот од дуелот Словенија-Грција. Доколку триумфира ќе обезбеди пласман на меѓуквалификацискиот турнир за учество на Олимписките игри во Пекинг.