Германија-невработеност
31 мај 2007Реклама
Бројката невработени во Германија достигна најниско ниво во последниве пет години. Според официјалните податоци од сојузната агенција во Нирнберг, во земјата има 3,8 милиони лица кои бараат работа. 160.000 помалку во споредба со минатиот месец, односно 700.000 со истиот период лани.