1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – обединување

3 октомври 2007

*

https://p.dw.com/p/BmC1

На пладне во градот Шверин ќе се одржи централната прослава по повод Денот на германското повторно обединување. На свеченоста се очекуваат највисоките претставници на власта, како и преку 100 членови на дипломатскиот кор во Германија. Што се однесува до напредокот во процесот на повторно обединување на земјата на сите полиња, заменик претседателот на парламентот Волфганг Тирзе оцени: “Верувам дека политичкото единство, единството на ниво на политичкиот систем, дека тоа е спроведено. Но, ние и понатамау живееме во земја со разлики меѓу источниот и западниот дел. На истокот има повисока стапка на невработеност, пониски плати и помали пензии. Истокот освен тоа се‘ уште нема здрава стопанска астурктура како западот. Овие разлики се видливи и затоа мора да вложуваме натамошни напори“ - порача Тирзе во интервју за Дојче веле.