1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија- ОН

26 септември 2007

*

https://p.dw.com/p/BjmV

Германската канцеларка Ангела Меркел се изјасни за поцврст курс на меѓународната заедница во однос на Иран. Доколку раководството во Техеран не се откаже од нуклеарната програма, Германија ќе донесе одлука за воведување на заострени санкции, нагласи Меркел во нејзиниот говоро пред генералното собрание на ОН. Таа предупреди дека овозможувањето на Техеран да направи атомско оружје би можело да има катастрофални последици не само за Израел туку и за целиот свет. Меркел ги повтори заложбите на Германија за добивање постојано место во советот на безбедност на ОН и повика на преземање чекори за реформи во светската организација.