1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Сѐ повеќе работни места во Германија

СН/агенции
30 јуни 2021

Најновите судии упатуваат на нов бум на германскиот пазар на труд, по стишувањето на пандемијата. Расположението е на највисоко ниво досега, велат некои од нив, но полека надвиснува стравот од сојот Делта.

https://p.dw.com/p/3voxV
Deutschland Stuttgart | Service Kraft
Фотографија: picture-alliance/dpa/C. Schmidt

Со ублажување на корона-кризата германските компании сѐ повеќе ја интензивираат потрагата по нова работна сила. Така на барометарот за вработување на Ифо институтот од мај до јуни е забележан голем пораст за 3,5 на 103,7 поени, како што соопшти од минхенскиот институт.

„Во машинската и во електро-индустријата ќе следат експанзивни планови за вработување“, вели експертот од Ифо институтот, Клаус Волрабе. Но, економистите пак предупредуваат на економски разлики поради тесното грло во синџирите за снабдување.

И во услужниот сектор, се нагласува, се случил значаен скок кај побарувачката за работна сила. Пред сѐ, фирмите кои посредуваат при вработување барале нови работници.

Повеќе:

-Пандемијата се испречи пред полесниот пат до работа во Германија

-Мигрантите во Германија побрзо губат работа во пандемијата

-Германија: Работници од Западен Балкан се потребни и покрај пандемијата

Вчера барометот на пазарот за труд на Нирнбершкиот институт за пазарот на труд и истражување за вработувања (ИАБ) достигна дури 107,4 бодови, што претставува највисоко ниво од 2008 година, кога почнаа да се водат овие евиденции.

Несигурност поради сојот Делта

Индексот на работни места на Сојузната ангенција за вработување, исто така, сигнализира натамошен пораст на побарувачката на работна сила. Овој барометар од мај до јуни забележа раст од дури 5 поени, и од 114 се врати на ниво од пред кризата - од март 2020 година.

„Агенциите за вработување во ниту еден момент не очекуваа толку значително подобрување на ситуацијата на пазарот на труд“, вели Енцо Вебер, шеф на истражувачкиот одел за прогноза и макроекономски анализи во ИАБ. Барометарот на пазарот на труд покажува очекувања кај сите германски агенции за вработување во наредните 3 месеца. Ова добро расположение може да се објасни особено поради два фактора: нискиот број на инфекции и растот на светската економија. Сѐ уште пости голем јаз во однос на она што би било можно без последици од кризата на тој начин би можело да се намали, смета Вебер.

Меѓутоа, како што истакна, ширењето на уште позаразниот Делта сој на вирусот и можните натамошни мутации и натаму претставуваат ризик како за стопанството така и за пазарот на труд.