1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија пушти срце: слободен влез и за невенчани партнери

БГ /РТР
7 август 2020

Германија ќе им даде шанса и на невенчаните парнери да се спојат во време на пандемија на коронавирус. Од понеделник ќе бидат олеснети граничните контроли за да им се овозможи на паровите повторно да се сретнат.

https://p.dw.com/p/3gdd9
Coronavirus | Liebe | Paar | Italien
Фотографија: Reuters/C. de Luca

По повеќемесечна одделеност поради рестриктивните мерки поврзани со коронавирусот, паровите кои не се во брак конечно ќе можат да се сретнат во Германија. Исклучокот ќе биде направен за партнери на Германци од земји кои Германија ги смета за високоризични, а тоа во моментов се речиси сите земји надвор од ЕУ. Паровите ќе мора да приложат некаков доказ дека биле во врска и пред пандемијата, соопшти германското министерство за внатрешни работи.

Границите на ЕУ беа затворени за патници од земји надвор од блокот од март годинава, со исклучок на неопходните работници и лица кои се венчани за ЕУ резиденти.

На социјалните мрежи, одделените парови лобираа да им се дозволи повторно спојување под хаштазите #LoveIsEssential и #LoveIsNotTourism.

Ковид-19: Љубов преку ограда

Неколку држави, Австрија, Норвешка и Данска, се одзваа на повикот и воведоа ткн. „љубовни визи“ со кои им се овозможува на паровите да се спојат.

Во Германија, паровите ќе мора да покажат покана од партнерот кој живее во Германија и да потпишат изјава со која потврдуваат дека се во врска.
Исто така ќе мора да приложат докази, како печати во пасош или авионски билети, дека се среќавале лично во Германија најмалку еднаш или дека живееле заедно во странство.

Европската комисија денеска го повтори повикот до земјите-членки да им овозможат на невенчаните парови да се среќаваат. Согласно ЕУ регулативите таквата можност постои и можат да ја користат сите земји-членки, но само неколку го прават тоа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема