1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија – сеќавање

21 јули 2007

*

https://p.dw.com/p/BKPa

Германскиот министер за одбрана, Франц Јозеф Јунг и поранешниот канцелар, Хелмут Кол, на одбележувањето на 63 годишнината од неуспешниот атентат врз Адолф Хитлер, изјавија дека отпорот против национал-социјалистичкото владеење со насилство е обврска за мирен соживот во Европа. ”Наша задача сега е да го завршиме политичкото обединување на Европа. Тоа е голема задача за нашата и пред се за генерацијата која доаѓа”, изјави Кол.

Поранешниот германски канцелар зборуваше на традиционалната заклетва на регрутите на Бундесверот во Бендлерблок, каде во 1944 година од страна на полковникот фон штауфенберг и неколкумина соучесници, беше направен обид за атентат на Хитлер.