1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ја крати развојната помош

ЖА/дв/дпа22 ноември 2012

Германскиот буџет за помош за развој е скратен, реши Бундестагот. Пораз за министерот Дирк Нибел, кој беше принуден дури и да гласа против своите предлози.

https://p.dw.com/p/16nsE

Германскиот парламент, и покрај острата критика, го изгласа кратењето на буџетот на германската развојна помош. Со гласовите на владејачката коалиција, Бундестагот одобри синоќа издатоци од околу 6,34 милијарди евра, што е за речиси 87 милиони евра помалку отколку оваа година и дури 124 милиони евра помалку отколку во првичниот предлог за буџетот во 2013. година.

Говорниците од редовите на пратеничките групи од владејачката коалиција на ЦДУ, ЦСУ и Либералите ги бранеа кратењата со нужноста од намалување на новите задолжувања. Опозицијата напротив во ова гледа фатален сигнал, обвинувајќи ја владата за кршење на зборот. Владата за цел имаше до 2015. година да ја зголемува помошта за развој до 0,7 проценти од економскиот учинок на земјата.